Burime zyrtare

Ndërprerje dhe njoftime · Strumicë

Njoftime lokale, ujë, shërbime komunale dhe njoftime krizash të shqyrtuara.

Arkivi
Lista bosh nuk konfirmon mungesën e ndërprerjeve apo rrezikut. Komuna identifikon kanalin lokal; rrugët dhe vendbanimet e prekura janë në tekstin origjinal. Data e publikimit dhe dritarja e shfaqjes nuk konfirmojnë fillimin ose fundin e ndërprerjes. 112
Zjarr

Започна покривањето на депонијата „Шапкар“ со земја и засилување на надзорот за спречување пожари

Strumicë

Општина Струмица започна со покривање на отпадот на регионалната депонија „Шапкар“ со земја, како една од мерките за намалување на ризикот од пожари, кои со години претставуваат проблем за Струмица и околните општини. Активностите се одвиваат етапно, а досега е опфатена приближно половина од депонијата, односно нејзиниот северен дел. Предвидено е целиот наталожен отпад да биде покриен со земјен слој со дебелина од околу 50 сантиметри. За таа цел се ангажира механизација, а работите ќе продолжат и во следниот период. Покрај физичката санација, Општина Струмица презеде и мерки за поголема контрола на локацијата. Депонијата е под 24-часовен видеонадзор со четири камери, а воспоставена е и постојана чуварска служба. На терен е присутна и дежурна механизација, која може веднаш да интервенира доколку се појави пожар. Според градоначалникот Петар Јанков, целта е со овие активности да се намали опасноста од повторно палење на отпадот и да се овозможи побрза реакција при евентуални пожари. „Шапкар“ е регионална депонија на која се одлага комуналниот отпад од четирите општини во Струмичкиот регион. Нејзиното значење дополнително се зголемува со оглед на плановите за идно депонирање на отпадот и од Југоисточниот и Вардарскиот плански регион. Во рамки на следните активности се очекува и обновување на дел од механизацијата на ЈПКД „Комуналец“. Новата механизација ќе се користи за одржување и уредување на депонијата, но и за поефикасни интервенции при појава на пожар. Со покривањето на отпадот, засилениот надзор и обезбедената механизација, се создаваат услови за подобра контрола на депонијата и намалување на ризиците што ги носат честите пожари.

Publikuar: 14 tet 2026, 1:55 m.d.Shfaqet deri: 16.10.26, 13:55Kontrolluar: 14.10.26, 14:24
Општина Струмица ↗
Komuna

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНИ СОБИРИ СО ГРАЃАНИТЕ

Strumicë

Се известуваат сите граѓани на општина Струмица дека во периодот од 27 октомври до 4 ноември 2026 година, на иницијатива на градоначалникот Петар Јанков, a согласно законските и статутарните овластувања, ќе се одржат собири на граѓани во урбаните, односно месните заедници по следниот распоред: -Во с. Вељуса собирот ќе се одржи на ден 27.10.2026 година во училиштето, со почеток во 17:30 часот; -Во с. Водоча собирот ќе се одржи на ден 27.10.2026 година во училиштето, со почеток во 18:30 часот; -Во с. Баница собирот ќе се одржи на ден 27.10.2026 година во училиштето, со почеток во 19:30 часот; -Во с.Сачево собирот ќе се одржи на ден 28.10.2026 година во училиштето, со почеток во 17:30 часот; -Во с. Дабиље собирот ќе се одржи на ден 28.10.2026 година во Домот на културата во с.Дабиље со почеток во 18:30 часот; -Во с.Градско Балдовци собирот ќе се одржи на ден 28.10.2026 во училиштето со почеток во 19:30 часот; -Во с. Муртино собирот ќе се одржи на ден 29.10.2026 година во училиштето, со почеток во 17;30 часот; -Во с. Банско собирот ќе се одржи на ден 29.10.2026 година во училиштето, со почеток во 18:30 часот; -Во с. Габрово собирот ќе се одржи на ден 29.10.2026 година во училиштето со почеток во 19:30 часот; -Во с. Свидовица собирот ќе се одржи на ден 30.10.2026 година во училиштето, со почеток во 17:30 часот; -Во с. Куклиш собирот ќе се одржи на ден 30.10.2026 година во Спортската сала во с.Куклиш, со почеток во 18:30 часот; -Во с. Костурино собирот ќе се одржи на ден 30.10.2026 година во Домот на културата во с.Костурино, со почеток во 19:30 часот; -Во с. Рич собирот ќе се одржи на ден 02.11.2026 година во училиштето, со почеток во 17:30 часот; -Во с. Попчево собирот ќе се одржи на ден 02.11.2026 година во училиштето, со почеток во 18:30 часот; -Во с. Раборци собирот ќе се одржи на ден 02.11.2026 година во училиштето, со почеток во 19:30 часот; -Во село Добрејци собирот ќе се одржи на ден 03.11.2026 година во училиштето, со почеток во 18:30 часот; -Во с. Просениково собирот ќе се одржи на ден 03.11.202 година во Пензионерскиот дом во село Просениково, со почеток во 19:30 часот; -За I, III, IV и V урбана заедница собирот ќе се одржи на 04.11.2026 година во Младински центар (општинска зграда) со почеток во 18 :30 часот; -За II, VI, VII и VIII урбана заедница собирот ќе се одржи на 04.11.2026 година во Младински центар (општинска зграда), со почеток во 19:30 часот Денот, часот и местото на одржување на јавните собири јавно ќе бидат објавени и во просториите на урбаните, односно месните заедници, на огласната табла во зградата нa локалната самоуправа и на веб страната на општина Струмица.

Publikuar: 14 tet 2026, 1:41 m.d.Shfaqet deri: 21.10.26, 13:41Kontrolluar: 14.10.26, 14:24
Општина Струмица ↗

Burimet lokale dhe kontrollet e fundit

Општина Струмица ↗Publikime me datë · miratim para shfaqjesHEALTHY16/10/2026, 02:00
ЈП Паркиралишта-Струмица ↗Monitorim faqeje · shqyrtim manualHEALTHY16/10/2026, 02:00
ЈПКД Комуналец Струмица ↗Publikime me datë · miratim para shfaqjesHEALTHY16/10/2026, 02:00

Ujësjellësi: nevojitet kanal lokal shtesë i verifikuar.

Burimet rajonale dhe kombëtare

Tërmetet · EMSC

Epiqendra të raportuara në Maqedoninë e Veriut ose rajonin kufitar.

Katalogu dhe detajet →
E verdhë: M 3.0–4.9E kuqe: M ≥ 5.0

Ngjyrat janë shënues të magnitudës së InfoCentar, jo vlerësim rreziku apo udhëzime evakuimi. Vendndodhja e epiqendrës nuk tregon ku u ndjenë lëkundjet. Të dhënat mund të rishikohen.

Kontrolli i fundit i suksesshëm: 16 tet 2026, 2:20 p.d. · 24 orët e fundit

Katalogu i marrë nuk përmban regjistrime përkatëse për këtë periudhë. Kjo nuk konfirmon mungesën e tërmeteve apo rreziqeve.

Paralajmërime nga autoritetet · së shpejti

Persona të zhdukur, kërkime zyrtare dhe evakuime kërkojnë marrëveshje me autoritetet dhe kanal të autorizuar.