ЈАВЕН УВИД И ПОКАНА ЗА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НАЦРТ АКЦИСКИОТ ПЛАН ЗА ОДРЖЛИВА ЕНЕРГИЈА И КЛИМА НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
Македонска КаменицаОпштина Македонска Каменица ја објавува на јавен увид нацрт-верзијата на Акцискиот план за одржлива енергија и клима (СЕКАП) за периодот 2026-2030 година , со цел граѓаните и сите заинтересирани страни да се запознаат со неговата содржина и да се вклучат во процесот на негово доработување. СЕКАП претставува стратешки документ со кој се утврдуваат приоритетите и мерките на општината за подобрување на енергетската ефикасност, користење обновливи извори на енергија, намалување на емисиите на јаглерод диоксид и приспособување кон климатските промени. Неговата реализација треба да придонесе кон поодржлив локален развој, поздрава животна средина и подобар квалитет на живот за населението. Во рамки на процесот на јавни консултации, на 22 октомври 2026 година, со почеток во 12:00 часот, во Домот на културата во Македонска Каменица , ќе се одржи јавна презентација на нацрт-документот . На презентацијата ќе бидат претставени клучните наоди, целите и предложените мерки, а присутните ќе имаат можност да поставуваат прашања и да дадат свои мислења, забелешки и предлози. Ги покануваме сите граѓани, правни лица, здруженија на граѓани, претставници на медиумите и други заинтересирани чинители да го разгледаат нацрт-документот и да присуствуваат на јавната презентација. Учеството на локалната заедница е значајно за изработка на план што ги одразува реалните потреби на општината и предвидува остварливи решенија за енергетските и климатските предизвици. Добиените мислења, забелешки и предлози ќе бидат разгледани при подготовката на конечната верзија на документот, пред неговото доставување за усвојување. Нацрт-верзијата на СЕКАП е достапна за преземање во прилог на оваа објава. Општина Македонска Каменица The post ЈАВЕН УВИД И ПОКАНА ЗА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НАЦРТ АКЦИСКИОТ ПЛАН ЗА ОДРЖЛИВА ЕНЕРГИЈА И КЛИМА НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА appeared first on Општина Македонска Каменица .
Општина Македонска Каменица ↗