Планиран прекин
КИЧЕВОПОРАДИ ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ НА С.Н ДАЛЕКОВОД БЕЗ НАПОЈУВАЊЕ СО ЕЛ.ЕНЕРГИЈА КЕ ОСТАНАТ СЕЛАТА ОРЛАНЦИ,СВЕТОРАЧЕ,КОЗИЧИНО,КРУШИЦА,ДУПЈАНИ,ПАТЕЕЦ,РБЕТИНО И РЕЧАНИ
Електродистрибуција ↗Локални соопштенија, вода, комунални услуги и проверени кризни известувања.
ПОРАДИ ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ НА С.Н ДАЛЕКОВОД БЕЗ НАПОЈУВАЊЕ СО ЕЛ.ЕНЕРГИЈА КЕ ОСТАНАТ СЕЛАТА ОРЛАНЦИ,СВЕТОРАЧЕ,КОЗИЧИНО,КРУШИЦА,ДУПЈАНИ,ПАТЕЕЦ,РБЕТИНО И РЕЧАНИ
Електродистрибуција ↗ПОРАДИ ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ НА С.Н ДАЛЕКОВОД БЕЗ НАПОЈУВАЊЕ ЌЕ ОСТАНАТ СЕЛАТА ОРЛАНЦИ,СВЕТОРАЧЕ,КОЗИЧИНО,КРУШИЦА,ДУПЈАНИ,ПАТЕЕЦ,РБЕТИНО,РЕЧАНИ
Електродистрибуција ↗ПОРАДИ ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ НА С.Н ДАЛЕКОВОД,БЕЗ НАПОЈУВАЊЕ ЌЕ ОСТАНАТ СЕЛАТА ОРЛАНЦИ,СВЕТОРАЧЕ,КОЗИЧИНО,КРУШИЦА,ДУПЈАНИ,ПАТЕЕЦ,РБЕТИНО,РЕЧАНИ
Електродистрибуција ↗Повеќе од 10 месеци откако ја доби довербата од граѓаните и ја презеде функцијата градоначалник на Општина Кичево, Д-р Александар Јовановски излезе со посеопфатен отчет за досегашната работа на локалната самоуправа. Во фокусот на отчетот се реализираните инфраструктурни проекти, активностите во урбанизмот и комуналните дејности, инвестициите во образованието, социјалната поддршка, културната програма, како и мерките за поодговорно управување со општинскиот буџет. Јовановски посочува дека периодот на новата локална самоуправа е обележан со интензивна административна работа, реконструкција на локални патишта и улици, подобрување на условите во образовните установи и подготовка на нови капитални инвестиции. Притоа, нагласува дека сите проблеми не се решени, но дека општината работи на исполнување на преземените обврски и на претворање на планираните проекти во конкретни резултати на терен. „ Довербата што ми ја дадовте не ја доживувам како привилегија, туку како обврска секој ден да работам чесно, одговорно и во интерес на сите граѓани“, истакнува Јовановски во отчетот. Како основен принцип на своето работење, тој ја издвојува заложбата за општина што ќе им служи на сите граѓани, без разлика на населбата, селото, етничката, верската или политичката припадност. Целта, според него, е воспоставување функционална институција што ќе биде присутна на терен, ќе ги слуша потребите на граѓаните и ќе одговара за преземените обврски. Над 2.170 активности во урбанизмот, градежништвото и комуналните дејности Една од областите со најинтензивна динамика во изминатиот период е секторот за урбанизам, градежништво, заштита на животната средина и комунални дејности. Според податоците презентирани во отчетот, само во периодот од март до август 2026 година биле евидентирани повеќе од 2.170 активности и обработени предмети. Во истиот период биле издадени повеќе од 1.500 акти, одобренија, решенија, изводи, потврди, согласности и други службени документи. Меѓу нив се издвојуваат повеќе од 515 изводи од урбанистички планови, 235 акти од областа на градежното земјиште, најмалку 200 акти преку електронскиот систем е-одобрение за градење и 180 акти преку системот е-урбанизам. Дополнително, издадени се 165 потврди за адреса, 85 решенија за утврдување на правниот статус на бесправно изградени објекти, 45 урбанистички согласности, 35 известувања за урбанистички опфати, 30 заклучоци за запирање постапки за утврдување правен статус и 14 согласности за користење јавна површина. Во рамките на редовните активности биле подготвувани и потврди за легализација, акти по исправки и повторени постапки, проектни задачи, иницијативи, одлуки на партиципативното тело и други управни акти. Преку системот е-катастар биле обработени повеќе од 400 предмети, изготвени биле 152 дописи до надлежните институции и странките, како и 45 записници од извршени теренски увиди. Реализирани се и 56 активности поврзани со летните тераси и користењето на јавните површини, вклучително и теренски увиди, пресметки и издавање соодветни одобренија. Јовановски нагласува дека зад овие бројки стојат конкретни потреби на граѓаните, семејствата и деловните субјекти, од решавање имотноправни прашања и добивање дозволи до завршување долгогодишни административни постапки. Според него, целта не е само зголемување на бројот на обработени предмети, туку воспоставување законски, навремени и транспарентни процедури, со професионална услуга и еднаков третман за сите. Во областа на урбанистичкото планирање иницирани се споени постапки за парцијални измени и дополнувања на Генералниот урбанистички план, паралелно со изработка, односно изменување и дополнување на деталните урбанистички планови на вкупна површина од околу 20 хектари. Во завршна фаза е и постапката за отуѓување, односно продажба преку наддавање на околу 40 градежни парцели. Со овие активности, како што се наведува во отчетот, се создава планска основа за натамошен урбан развој, привлекување инвестиции и уредено користење на просторот. Реконструкција
Општина Кичево ↗Водовод: потребен е дополнителен потврден локален канал.
Епицентри наведени во Северна Македонија или нејзиниот граничен регион.
Боите се маркери за магнитуда на InfoCentar, не оценка на опасност или инструкции за евакуација. Локацијата на епицентарот не ја покажува областа каде е почувствуван земјотресот. Податоците може да се ревидираат.
Последна успешна проверка: 16 окт. 2026 г., во 04:20 · Последни 24 часа
Во преземениот каталог нема соодветни записи за овој период. Ова не е потврда дека нема земјотреси или опасност.
Исчезнати лица, официјални потраги и евакуации ќе бидат достапни по договор со надлежните институции и поврзан овластен канал.