Официјални извори
Прекини и известувања · Струмица
Локални соопштенија, вода, комунални услуги и проверени кризни известувања.
Празен список не потврдува дека нема прекини или опасност. Општината го означува локалниот канал; засегнатите улици и населени места се во оригиналниот текст. Датумот на објава и прозорецот за приказ не потврдуваат почеток или завршување на прекин.
112ПожарЗапочна покривањето на депонијата „Шапкар“ со земја и засилување на надзорот за спречување пожари
СтрумицаОпштина Струмица започна со покривање на отпадот на регионалната депонија „Шапкар“ со земја, како една од мерките за намалување на ризикот од пожари, кои со години претставуваат проблем за Струмица и околните општини. Активностите се одвиваат етапно, а досега е опфатена приближно половина од депонијата, односно нејзиниот северен дел. Предвидено е целиот наталожен отпад да биде покриен со земјен слој со дебелина од околу 50 сантиметри. За таа цел се ангажира механизација, а работите ќе продолжат и во следниот период. Покрај физичката санација, Општина Струмица презеде и мерки за поголема контрола на локацијата. Депонијата е под 24-часовен видеонадзор со четири камери, а воспоставена е и постојана чуварска служба. На терен е присутна и дежурна механизација, која може веднаш да интервенира доколку се појави пожар. Според градоначалникот Петар Јанков, целта е со овие активности да се намали опасноста од повторно палење на отпадот и да се овозможи побрза реакција при евентуални пожари. „Шапкар“ е регионална депонија на која се одлага комуналниот отпад од четирите општини во Струмичкиот регион. Нејзиното значење дополнително се зголемува со оглед на плановите за идно депонирање на отпадот и од Југоисточниот и Вардарскиот плански регион. Во рамки на следните активности се очекува и обновување на дел од механизацијата на ЈПКД „Комуналец“. Новата механизација ќе се користи за одржување и уредување на депонијата, но и за поефикасни интервенции при појава на пожар. Со покривањето на отпадот, засилениот надзор и обезбедената механизација, се создаваат услови за подобра контрола на депонијата и намалување на ризиците што ги носат честите пожари.
Објавено: 14 окт. 2026 г., во 13:55Прикажуваме до: 16.10.2026 г., 13:55Проверено: 14.10.2026 г., 14:24
Општина Струмица ↗ОпштинаИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНИ СОБИРИ СО ГРАЃАНИТЕ
СтрумицаСе известуваат сите граѓани на општина Струмица дека во периодот од 27 октомври до 4 ноември 2026 година, на иницијатива на градоначалникот Петар Јанков, a согласно законските и статутарните овластувања, ќе се одржат собири на граѓани во урбаните, односно месните заедници по следниот распоред: -Во с. Вељуса собирот ќе се одржи на ден 27.10.2026 година во училиштето, со почеток во 17:30 часот; -Во с. Водоча собирот ќе се одржи на ден 27.10.2026 година во училиштето, со почеток во 18:30 часот; -Во с. Баница собирот ќе се одржи на ден 27.10.2026 година во училиштето, со почеток во 19:30 часот; -Во с.Сачево собирот ќе се одржи на ден 28.10.2026 година во училиштето, со почеток во 17:30 часот; -Во с. Дабиље собирот ќе се одржи на ден 28.10.2026 година во Домот на културата во с.Дабиље со почеток во 18:30 часот; -Во с.Градско Балдовци собирот ќе се одржи на ден 28.10.2026 во училиштето со почеток во 19:30 часот; -Во с. Муртино собирот ќе се одржи на ден 29.10.2026 година во училиштето, со почеток во 17;30 часот; -Во с. Банско собирот ќе се одржи на ден 29.10.2026 година во училиштето, со почеток во 18:30 часот; -Во с. Габрово собирот ќе се одржи на ден 29.10.2026 година во училиштето со почеток во 19:30 часот; -Во с. Свидовица собирот ќе се одржи на ден 30.10.2026 година во училиштето, со почеток во 17:30 часот; -Во с. Куклиш собирот ќе се одржи на ден 30.10.2026 година во Спортската сала во с.Куклиш, со почеток во 18:30 часот; -Во с. Костурино собирот ќе се одржи на ден 30.10.2026 година во Домот на културата во с.Костурино, со почеток во 19:30 часот; -Во с. Рич собирот ќе се одржи на ден 02.11.2026 година во училиштето, со почеток во 17:30 часот; -Во с. Попчево собирот ќе се одржи на ден 02.11.2026 година во училиштето, со почеток во 18:30 часот; -Во с. Раборци собирот ќе се одржи на ден 02.11.2026 година во училиштето, со почеток во 19:30 часот; -Во село Добрејци собирот ќе се одржи на ден 03.11.2026 година во училиштето, со почеток во 18:30 часот; -Во с. Просениково собирот ќе се одржи на ден 03.11.202 година во Пензионерскиот дом во село Просениково, со почеток во 19:30 часот; -За I, III, IV и V урбана заедница собирот ќе се одржи на 04.11.2026 година во Младински центар (општинска зграда) со почеток во 18 :30 часот; -За II, VI, VII и VIII урбана заедница собирот ќе се одржи на 04.11.2026 година во Младински центар (општинска зграда), со почеток во 19:30 часот Денот, часот и местото на одржување на јавните собири јавно ќе бидат објавени и во просториите на урбаните, односно месните заедници, на огласната табла во зградата нa локалната самоуправа и на веб страната на општина Струмица.
Објавено: 14 окт. 2026 г., во 13:41Прикажуваме до: 21.10.2026 г., 13:41Проверено: 14.10.2026 г., 14:24
Општина Струмица ↗ Локални извори и последни проверки
Водовод: потребен е дополнителен потврден локален канал.
Регионални и национални извори
Земјотреси · EMSC
Епицентри наведени во Северна Македонија или нејзиниот граничен регион.
Каталог и детали →Жолто: M 3,0–4,9Црвено: M ≥ 5,0
Боите се маркери за магнитуда на InfoCentar, не оценка на опасност или инструкции за евакуација. Локацијата на епицентарот не ја покажува областа каде е почувствуван земјотресот. Податоците може да се ревидираат.
Последна успешна проверка: 16 окт. 2026 г., во 03:20 · Последни 24 часа
Во преземениот каталог нема соодветни записи за овој период. Ова не е потврда дека нема земјотреси или опасност.
Институциски предупредувања · наскоро
Исчезнати лица, официјални потраги и евакуации ќе бидат достапни по договор со надлежните институции и поврзан овластен канал.