Официјални извори

Прекини и известувања · Штип

Локални соопштенија, вода, комунални услуги и проверени кризни известувања.

Тековни
Празен список не потврдува дека нема прекини или опасност. Општината го означува локалниот канал; засегнатите улици и населени места се во оригиналниот текст. Датумот на објава и прозорецот за приказ не потврдуваат почеток или завршување на прекин. 112
Струја

Планиран прекин

ШТИП

УЛ.БРЕГАЛНИЧКА

Објавен датум / почеток: 21 окт. 2026 г., во 08:25Предвидено до: 21.10.2026 г., 10:30Проверено: 16.10.2026 г., 03:08
Електродистрибуција ↗
Струја

Планиран прекин

ШТИП

АКТИВА,ВИВЕНДИ,БЕНЗ.ПУМПА ВАГО,АЛБАТРОС,ГРДОВЈАНКА,ШТИПСКА МЛЕКАРА,ЗДРУЖЕНИЕ НА ВОЗАЧИ, САЛОН ЗА МЕБЕЛ ИН ХОМЕ,ПАНЕВСКИ ЛТД

Објавен датум / почеток: 21 окт. 2026 г., во 05:45Предвидено до: 21.10.2026 г., 08:00Проверено: 16.10.2026 г., 03:08
Електродистрибуција ↗
Струја

Планиран прекин

ШТИП

БИСТРЕН ДООЕЛ

Објавен датум / почеток: 17 окт. 2026 г., во 09:30Предвидено до: 17.10.2026 г., 13:30Проверено: 16.10.2026 г., 03:08
Електродистрибуција ↗
Комунални услуги

Покана за јавна расправа по Нацрт – Просторниот план на Република Северна Македонија 2040

Штип

Почитувани, Центарот за развој на Источниот плански регион во име на Министерството за животна средина и просторно планирање, Ве поканува на јавна расправа по Нацрт-Просторниот план на Република Северна Македонија 2040, која ќе се одржи на 15 октомври 2026 година (четврток), со почеток во 11:00 часот , во Салата на Советот на Општина Штип . Јавната расправа се организира со цел презентација на Нацрт-Просторниот план и овозможување активно учество на единиците на локалната самоуправа, институциите, стручната јавност, засегнатите страни и граѓаните во процесот на подготовка на овој значаен стратешки документ. Со оглед на значењето на Просторниот план за идниот просторен и регионален развој, Ве замолуваме да го проследите овој повик до релевантните институции, организации, компании, граѓански организации и други засегнати страни од Вашата општина , за кои сметате дека можат да дадат свој придонес преку учество и доставување мислења, предлози и забелешки. Дополнително, Ве замолуваме информацијата за одржувањето на јавната расправа да ја објавите и на официјалната веб-страница на Вашата општина , со цел навремено информирање и вклучување на пошироката јавност. ⇓ Нацрт – Просторен план на Република Северна Македонија 2040

Објавено: 9 окт. 2026 г., во 15:59Прикажуваме до: 11.10.2026 г., 15:59Проверено: 14.10.2026 г., 13:23
Општина Штип ↗
Општина

Јавен повик за доставување предлози за буџетот на општина штип за 2027 година

Штип

⇓ Јавен повик за доставување предлози за буџетот на општина штип за 2027 година

Објавено: 6 окт. 2026 г., во 19:09Прикажуваме до: 13.10.2026 г., 19:09Проверено: 14.10.2026 г., 13:23
Општина Штип ↗
Општина

Јавен повик за аплицирање на предлог активности од здруженија и фондации од општина Штип за програмата за еднакви можности за 2027 година

Штип

⇓ Јавен повик за аплицирање на предлог активности од здруженија и фондации од општина Штип за програмата за еднакви можности за 2027 година

Објавено: 5 окт. 2026 г., во 07:49Прикажуваме до: 12.10.2026 г., 07:49Проверено: 14.10.2026 г., 13:23
Општина Штип ↗
Комунални услуги

Јавно известување за учество на засегнатата јавност во јавниот увид и одржување јавни расправи по нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина за Регионалниот план за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански ре

Штип

Се информира широката засегната јавност, особено органите засегнати во Источниот и Североисточниот плански регион, општините кои ги сочинуваат планските региони и граѓаните, дека во рамките на проектот „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион” (NEAR/SKP/2022/EA-RP/0137), финансиран од Европската Унија преку Инструментот за Претпристапна помош (ИПА), подготвен е нацрт Регионален План за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион и нацрт Извештај за стратегиска оцена на животна средина за Регионален план за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион. Постапката за стратегиска оценка на животна средина за Регионален план за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион започна на 22.12.2025 година со подготовка на Одлука и Формулар за спроведување на стратегиска оценка од Центарот за развој на Североисточен плански регион и Центарот за развој на Источен плански регион и тие беа објавени на веб страниците на: Министерството за животна средина и просторно планирање, Центарот за развој на Североисточен плански регион и Центарот за развој на Источен плански регион. Во периодот 5.10.2026 до 15.11.2026 нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина за Регионален план за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион и нацрт Регионалниот План за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион ќе бидат достапни на увид на засегнатата јавност со цел обезбедување навремено информирање и овозможување учество на јавноста во постапката за подготовка на Регионалниот план за управување со отпадот и во постапката за стратегиска оцена на животната средина на овој плански документ. Документите ќе бидат ставени на јавен увид на следниот начин: Печатени верзии од документите: нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина за Регионален план за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион (македонски јазик) нацрт Регионален План за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион (на македонски јазик) и Нетехничко резиме од нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина и Нетехничко резиме на Регионалниот План за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион (на албански јазик)ќе бидат достапни во просториите на: Центарот за развој на Североисточен плански регион, ул. Илинденска бб, 1300 Куманово, контакт лице: г-дин Саша Кузмановиќ (тел. 072/224-425 и e-mail [email protected] ) и Центарот за развој на Источен плански регион, ул. Ванчо Прке бр. 119, 2 кат, 2000 Штип, контакт лице: г-дин Емил Василев (тел. 032 386 409 и e-mail: [email protected] ); Електронска верзија од сите горенаведени документи заедно со Јавното Известување ќе бидат достапни на веб страните на: Министерството за животна средина и просторно планирање ( https://www.moepp.gov.mk/ ) Центарот за развој на Североисточен плански регион ( https://northeastregion.gov.mk/ ) Центарот за развој на Источен плански регион ( https://eastregion.mk/ ) Општините во Североисточен и Источен плански регион (на web страните на општините), Објава на Јавното известување во печатен медиум (дневен весник на македонски и албански јазик) достапен на цела територија на државата. Се повикуваат локалните самоуправи од Североисточниот и Источниот регион, јавните комунални претпријатија, претставниците на бизнис секторот, сите заинтересирани страни, институции, организации, здруженија, претставници на граѓанските здруженија, стручната јавност и локалното население активно да се вклучат во јавниот увид на нацрт документите и да ги достават своите коментари, забелешки и предлози во однос на документите. Предлозите, мислењата, коментарите и забелешките можат да се достават во електронска форма до следните контакт-лица: Г-дин Емил Василев, контакт-лице од Источниот плански регион, на e-mail: [email protected] ; Г-дин Саша Кузмановиќ, контакт-лице од Североис

Објавено: 2 окт. 2026 г., во 15:34Прикажуваме до: 4.10.2026 г., 15:34Проверено: 14.10.2026 г., 13:23
Општина Штип ↗
Комунални услуги

ЈАВНА ОБЈАВА бр.09/2026(втор пат) за продажба на недвижен имот во сопственост на ЈП”Исар” – Штип со ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Штип

Врз основа на членовите 46, 47,48 и 49 и 67 став (1) од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр.78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18, 101/2019, 275/2019, бр.122/21 и 193/2025) и Одлуката на Управниот одбор на ЈП „Исар“ Штип бр. 02-603/2 од 08.05.2026 година и Одлуката на Советот на Општина Штип за давање согласност на Одлуката за отуѓување на движни ствари по пат на продажба, во сопственост на ЈП „Исар“ Штип, Бр. 08 – 4430/1 од 19.06.2026 година, Комисијата за недвижни и движни ствари при Општина Штип, во име и за сметка на на ЈП „ Исар“ Штип дава ЈАВНА ОБЈАВА БР.09/2026 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ДВИЖНИ СТВАРИ ПО ПАТ НА ПРОДАЖБА ВО СОПСТВЕНОСТ НА ЈП „ИСАР“ ШТИП (објава по втор пат) I. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНО ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ Предмет на електронско јавно наддавање: Продажба на движни ствари во сопственост на ЈП „Исар” – Штип, и тоа: – товарно возило MAZ, година на производство 1999 со рег.ознака ST 813 ВВ, бр. на шасија Y3M533700X0036436 – товарно возило MERCEDES, година на производство 1991 со рег.ознака ST 336 ВF, бр. на шасија WDB65442215594732 – товарно возило DAF, година на производство 1998 со рег.ознака ST 625 ВM, бр. на шасија XLRAG75PC0E473931 – Булдожер TG-110 – контејнери 1/1 м3 -209 броја – контејнери 5/1 м3- 12 броја Согласно Извештај за процена на пазарна вредност на транспортни средства бр.03-546 од 24.04.2026 година , изготвен од ТП ПРОЦЕНА ПЛУС Штип Проценувач Глигор Ивановски, во кој вкупната проценета пазарна вредност на движните ствари изнесува вкупно 714.000,оо денари, Почетната цена за електронското јавно наддавање претставува вкупната проценета пазарна вредност на движните ствари и истата изнесува 714.000,оо денари. Секое заинтересирано лице може да побара да направи увид на предметите на продажба по претходно закажување на тел. 078 890166 секој работен ден од 11.00 до 14.00 часот, а повеќе имформации за објавата може да се добијат на е-маил [email protected] Понудувачот може да поднесе понуда/пријава за учество во постапката за предметот на продажба на начин и во согласност со условите од оваа објава. II. ПРАВО НА УЧЕСТВО: Право на учество имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои можат да се стекнат со сопственост на движни ствари на територија на Република Северна Македонија согласно со закон и кои ги исполнуваат условите дадени во објавата, подетално утврдени во точка III. Услови за учество во електронско јавно наддавање. III. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ: За учество во електронското јавно наддавање заинтересираните учесници електронски поднесуваат Пријава (понуда) која треба да ги содржи сите податоци и докази-прилог документи 2 утврдени во Објавата за електронско јавно наддавање. За да може да поднесе пријава за учество заедно со доказите утврдени со објавата, секое заинтересирано физичко или правно лице треба претходно да се регистрира на интернет страницата: http://www.e- stvari.mk/. Електронското јавно наддавање се врши преку електронскиот систем за јавно наддавање со кој управува и оперира Министерството за финансии –Управа за имотно правни работи. IV. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ/ ДОКАЗИ ЗА УЧЕСТВО Сите документи, односно доказите кои е потребно да се достават, понудувачот ги прикачува во системот http://www.e-stvari.mk/, во скенирана копија на оригиналот во PDF формат и тоа: 1. Пријава (понуда) за учество на јавното наддавање со наведување/означување на бројот на објавата –лично потпишана од учесникот (одговорното лице) или од него овластено лице со прилог овластување за потпишување, (која содржи податоци за подносителот на пријавата: назив на правното лице/ име и презиме на физичкото лице кое е подносител на понудата/пријавата за учество, адреса/седиште/живеалиште, EДБ и ЕМБС за правни лица/ЕМБГ за физички лица, телефон за контакт, моб.телефон, лице за контакт, податоци за одговорно лице –име и презиме (управител), банка во која е депонент и жиро с

Објавено: 15 сеп. 2026 г., во 09:00Прикажуваме до: 17.9.2026 г., 09:00Проверено: 14.10.2026 г., 13:23
ЈП Исар Штип ↗

Локални извори и последни проверки

Општина Штип ↗Датирани објави · одобрување пред приказHEALTHY16/10/2026, 02:59
ЈП Исар Штип ↗Датирани објави · одобрување пред приказHEALTHY16/10/2026, 02:59

Водовод: потребен е дополнителен потврден локален канал.

Регионални и национални извори

Земјотреси · EMSC

Епицентри наведени во Северна Македонија или нејзиниот граничен регион.

Каталог и детали →
Жолто: M 3,0–4,9Црвено: M ≥ 5,0

Боите се маркери за магнитуда на InfoCentar, не оценка на опасност или инструкции за евакуација. Локацијата на епицентарот не ја покажува областа каде е почувствуван земјотресот. Податоците може да се ревидираат.

Последна успешна проверка: 16 окт. 2026 г., во 03:20 · Последни 24 часа

Во преземениот каталог нема соодветни записи за овој период. Ова не е потврда дека нема земјотреси или опасност.

Институциски предупредувања · наскоро

Исчезнати лица, официјални потраги и евакуации ќе бидат достапни по договор со надлежните институции и поврзан овластен канал.