Официјални извори

Прекини и известувања · Пробиштип

Локални соопштенија, вода, комунални услуги и проверени кризни известувања.

Тековни
Празен список не потврдува дека нема прекини или опасност. Општината го означува локалниот канал; засегнатите улици и населени места се во оригиналниот текст. Датумот на објава и прозорецот за приказ не потврдуваат почеток или завршување на прекин. 112
Комунални услуги

ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица со ниски квалификации

Пробиштип

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија за Програмата за работно ангажирање на – јавни работи, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување, општина Пробиштип објавува ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица со ниски квалификации Се повикуваат евидентирани невработени лица со ниски квалификации кои се заинтересирани за учество во Јавни работи во проекти од инфраструктурен карактер и заштита на животната средина да се пријават во општина Пробиштип. За спроведување на оваа програма е предвидена финансиска поддршка во износ од 800 денари по ангажирано лице, дневно со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување, за период од 30 работни дена. Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Единиците на локалната самоуправа, Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и невработените лица. На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош. Заинтересираното невработено лице пополнува пријава за учество, изјава за согласност и доставува копија од лична карата и трансакциска сметка . При пријавувањето за учество во програмата, за да се олесни селекцијата на кандидатите, заинтересираните невработени лица, детално се информираат за работните задачи кои треба да ги извршуваат. Заинтересираните лица може да поднесат пријава до општина Пробиштип најдоцна до 22.10.2026 (четврток), секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот. Детални информации можат да се добијат во општина Пробиштип, Центар за вработување Пробиштип и Центарот за социјални работи Пробиштип. Општина Пробиштип Изјава Пријава

Објавено: 15 окт. 2026 г., во 12:37Прикажуваме до: 17.10.2026 г., 12:37Проверено: 15.10.2026 г., 12:46
Општина Пробиштип ↗
Општина

Јавна расправа за Нацрт-Просторниот план на Република Северна Македонија 2040 во Источниот плански регион

Пробиштип

Јавната расправа се организира со цел презентација на Нацрт-Просторниот план и овозможување активно учество на единиците на локалната самоуправа, институциите, стручната јавност, засегнатите страни и граѓаните во процесот на подготовка на овој значаен стратешки документ. Јавната расправа ќе се одржи на 15 октомври 2026 година (четврток), со почеток во 11:00 часот, во Салата на Советот на Општина Штип. Нацрт-Просторниот план на Република Северна Македонија 2040 може да се разгледа на следниот линк: https://drive.google.com/file/d/1yR9hCAzFBwPCpxwXsRcnxiGUgRNoyt0J/view

Објавено: 9 окт. 2026 г., во 12:36Прикажуваме до: 16.10.2026 г., 12:36Проверено: 14.10.2026 г., 13:23
Општина Пробиштип ↗
Општина

Јавна расправа по Нацрт-Стратегијата за локален економски развој (ЛЕР) на Општина Пробиштип

Пробиштип

Општина Пробиштип упатува јавен повик до сите граѓани, претставници на бизнис-заедницата, граѓански организации, институции и сите заинтересирани страни да присуствуваат на јавната расправа по Нацрт-Стратегијата за локален економски развој (ЛЕР). Целта на оваа јавна расправа е да се овозможи отворен дијалог, размена на мислења и активно учество на локалната заедница во дефинирањето на стратешките приоритети и мерки за идниот економски развој на нашата општина. Вашите предлози, сугестии и идеи се од клучно значење за креирање на квалитетен документ кој директно ќе одговори на реалните потреби, предизвици и потенцијали на Општина Пробиштип. Детали за настанот: Датум: 06.10.2026 година (вторник) Време: 14:00 часот Локација: Конференциска сала во Домот на културата Ве покануваме да земете активно учество — вашето мислење е важно! Заедно го креираме идниот развој на нашата општина.

Објавено: 5 окт. 2026 г., во 13:46Прикажуваме до: 12.10.2026 г., 13:46Проверено: 14.10.2026 г., 13:23
Општина Пробиштип ↗
Комунални услуги

Јавно известување за учество на засегнатата јавност во јавниот увид и одржување на јавни расправи по нацрт Извештај за стратегиска оцена на животна средина за Регионален план за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански рег

Пробиштип

Се информира широката засегната јавност, особено органите засегнати во Источниот и Североисточниот плански регион, општините кои ги сочинуваат планските региони и граѓаните, дека во рамките на проектот „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“ (NEAR/SKP/2022/EA-RP/0137), финансиран од Европската Унија преку Инструментот за Претпристапна помош (ИПА), подготвен е нацрт Регионален План за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион и нацрт Извештај за стратегиска оцена на животна средина за Регионален план за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион. Постапката за стратегиска оценка на животна средина за Регионален план за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион започна на 22.12.2025 година со подготовка на Одлука и Формулар за спроведување на стратегиска оценка од Центарот за развој на Североисточен плански регион и Центарот за развој на Источен плански регион и тие беа објавени на веб страниците на: Министерството за животна средина и просторно планирање, Центарот за развој на Североисточен плански регион и Центарот за развој на Источен плански регион. Во периодот 5.10.2026 до 15.11.2026 нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина за Регионален план за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион и нацрт Регионалниот План за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион ќе бидат достапни на увид на засегнатата јавност со цел обезбедување навремено информирање и овозможување учество на јавноста во постапката за подготовка на Регионалниот план за управување со отпадот и во постапката за стратегиска оцена на животната средина на овој плански документ. Документите ќе бидат ставени на јавен увид на следниот начин: Печатени верзии од документите: нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина за Регионален план за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион (македонски јазик) нацрт Регионален План за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион (на македонски јазик) и Нетехничко резиме од нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина и Нетехничко резиме на Регионалниот План за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион (на албански јазик)ќе бидат достапни во просториите на: Центарот за развој на Североисточен плански регион, ул. Илинденска бб, 1300 Куманово, контакт лице: г-дин Саша Кузмановиќ (тел. 072/224-425 и e-mail [email protected] ) и Центарот за развој на Источен плански регион, ул. Ванчо Прке бр. 119, 2 кат, 2000 Штип, контакт лице: г-дин Емил Василев (тел. 032 386 409 и e-mail: [email protected] ); Електронска верзија од сите горенаведени документи заедно со Јавното Известување ќе бидат достапни на веб страните на: Министерството за животна средина и просторно планирање ( https://www.moepp.gov.mk/ ) Центарот за развој на Североисточен плански регион ( https://northeastregion.gov.mk/ ) Центарот за развој на Источен плански регион ( https://eastregion.mk/ ) Општините во Североисточен и Источен плански регион (на web страните на општините), Објава на Јавното известување во печатен медиум (дневен весник на македонски и албански јазик) достапен на цела територија на државата. Се повикуваат локалните самоуправи од Североисточниот и Источниот регион, јавните комунални претпријатија, претставниците на бизнис секторот, сите заинтересирани страни, институции, организации, здруженија, претставници на граѓанските здруженија, стручната јавност и локалното население активно да се вклучат во јавниот увид на нацрт документите и да ги достават своите коментари, забелешки и предлози во однос на документите. Предлозите, мислењата, коментарите и забелешките можат да се достават во електронска форма до следните контакт-лица: Г-дин Емил Василев, контакт-лице од Источниот плански регион, на e-mail: [email protected] ; Г-дин Саша Кузмановиќ, контакт-лице од Североис

Објавено: 2 окт. 2026 г., во 10:48Прикажуваме до: 4.10.2026 г., 10:48Проверено: 14.10.2026 г., 13:23
Општина Пробиштип ↗
Општина

Известување од ОВР – Пробиштип

Пробиштип

Се известуваат сите жители на општина Пробиштип, а особено жителите на село Пишица и околните населени места, дека на 04.10.2026 година (недела) , во периодот од 08:00 до 13:00 часот , ОВР – Пробиштип ќе реализира боево гаѓање со огнено оружје на локацијата „Пуста Пишица“ , атар на с.Пишица. Заради општа безбедност и заштита на граѓаните и нивниот имот, апелираме во наведениот термин: Да не се врши никакво движење на луѓе во и околу зоната на гаѓање. Да не се напасува добиток во месноста „Пуста Пишица“ и нејзината непосредна околина. Ви благодариме за разбирањето и соработката. ОВР Пробиштип

Објавено: 1 окт. 2026 г., во 14:00Прикажуваме до: 8.10.2026 г., 14:00Проверено: 14.10.2026 г., 13:23
Општина Пробиштип ↗
Комунални услуги

ЈАВЕН ПОВИК за доставување на проекти и програми од граѓански организации финансирани од Програмата за локален економски развој и заштита на животната средина за 2027 година

Пробиштип

Општина Пробиштип, со цел да го развие партиципативното учество на граѓаните, да ја зголеми транспарентноста и да овозможи одговорно трошење на општинските средства, распишува Јавен повик за финансирање на проекти на граѓански организации (здруженија и фондации) кои дејствуваат на територијата на општина Пробиштип. Целта на овој повик е поддршка на локални иницијативи кои носат мерливи локални резултати, вклучуваат масовно учество на граѓаните преку јавни настани и придонесуваат за промоција на општината. Надлежности и приоритетни области за аплицирање: • Локален економски развој, промоција на туризмот и афирмација на општината; • Заштита на животната средина и еко-акции; • Културни манифестации и млади; • Социјална, детска и здравствена заштита. Предност при селекцијата ќе имаат организациите кои ќе обезбедат сопствено финансиско или материјално учество (кофинансирање). Потребни документи: – Пополнет Образец – Трансакциска сметка – Тековна состојба од Централен регистар При пополнување на Образецот да се земе во предвид Правилникот за распределување на средства за овој Јавен повик, кој е прикачен заедно со Образецот. Пополнетиот образец заедно со бараната документација, се доставува до Архивата на општина Пробиштип, преку пошта на адреса ул. Јаким Стојковски бр.1, 2210 Пробиштип секој работен ден од 07:30-15:30 часот или на емаил [email protected] најдоцна до 15.10.2026 година. По предвидениот рок, градоначалникот на општина Пробиштип и и надлежната комисија ќе ги анализираат предложените проекти и согласно финансиските можности ќе ги интегрираат во Буџетот на општина Пробиштип за 2027 година. Образец за поднесување на проекти Правилник Јавен повик

Објавено: 25 сеп. 2026 г., во 11:41Прикажуваме до: 27.9.2026 г., 11:41Проверено: 14.10.2026 г., 13:23
Општина Пробиштип ↗
Општина

Известување од ОВР – Пробиштип

Пробиштип

Се известуваат сите жители на општина Пробиштип, а особено жителите на село Пишица и околните населени места, дека на 24.09.2026 година (четврток) , во периодот од 07:00 до 13:00 часот , ОВР – Пробиштип ќе реализира боево гаѓање со огнено оружје на локацијата „Пуста Пишица“ , атар на с.Пишица. Заради општа безбедност и заштита на граѓаните и нивниот имот, апелираме во наведениот термин: Да не се врши никакво движење на луѓе во и околу зоната на гаѓање. Да не се напасува добиток во месноста „Пуста Пишица“ и нејзината непосредна околина. Ви благодариме за разбирањето и соработката. ОВР Пробиштип

Објавено: 21 сеп. 2026 г., во 14:00Прикажуваме до: 28.9.2026 г., 14:00Проверено: 14.10.2026 г., 13:23
Општина Пробиштип ↗

Локални извори и последни проверки

Општина Пробиштип ↗Датирани објави · одобрување пред приказHEALTHY16/10/2026, 02:59

Водовод: потребен е дополнителен потврден локален канал.

Јавни претпријатија: потребни се дополнителни локални канали.

Регионални и национални извори

Земјотреси · EMSC

Епицентри наведени во Северна Македонија или нејзиниот граничен регион.

Каталог и детали →
Жолто: M 3,0–4,9Црвено: M ≥ 5,0

Боите се маркери за магнитуда на InfoCentar, не оценка на опасност или инструкции за евакуација. Локацијата на епицентарот не ја покажува областа каде е почувствуван земјотресот. Податоците може да се ревидираат.

Последна успешна проверка: 16 окт. 2026 г., во 03:20 · Последни 24 часа

Во преземениот каталог нема соодветни записи за овој период. Ова не е потврда дека нема земјотреси или опасност.

Институциски предупредувања · наскоро

Исчезнати лица, официјални потраги и евакуации ќе бидат достапни по договор со надлежните институции и поврзан овластен канал.