Официјални извори

Прекини и известувања · Пехчево

Локални соопштенија, вода, комунални услуги и проверени кризни известувања.

Тековни
Празен список не потврдува дека нема прекини или опасност. Општината го означува локалниот канал; засегнатите улици и населени места се во оригиналниот текст. Датумот на објава и прозорецот за приказ не потврдуваат почеток или завршување на прекин. 112
Комунални услуги

Jавна расправа по Нацрт-Просторниот план на Република Северна Македонија 2040

Пехчево

Почитувани, Центарот за развој на Источниот плански регион во име на Министерството за животна средина и просторно планирање, Ве поканува на јавна расправа по Нацрт-Просторниот план на Република Северна Македонија 2040, која ќе се одржи на 15 октомври 2026 година (четврток), со почеток во 11:00 часот, во Салата на Советот на Општина Штип. Јавната расправа се организира со цел презентација на Нацрт-Просторниот план и овозможување активно учество на единиците на локалната самоуправа, институциите, стручната јавност, засегнатите страни и граѓаните во процесот на подготовка на овој значаен стратешки документ. Со оглед на значењето на Просторниот план за идниот просторен и регионален развој, Ве замолуваме да го проследите овој повик до релевантните институции, организации, компании, граѓански организации и други засегнати страни од Вашата општина, за кои сметате дека можат да дадат свој придонес преку учество и доставување мислења, предлози и забелешки. За потребите на информирање, во прилог/подолу го доставуваме текстот за објава: Јавна расправа за Нацрт-Просторниот план на Република Северна Македонија 2040 во Источниот плански регион 15 октомври 2026 година 11:00 часот Сала на Советот на Општина Штип Нацрт-Просторниот план на Република Северна Македонија 2040 може да се разгледа на следниот линк: Нацрт-Просторен план на Република Северна Македонија 2040 [1] Ви благодариме за соработката и за Вашиот придонес кон навремено и широко информирање на засегнатите страни и јавноста во Источниот плански регион. Со почит, _Емил Василев_ _Координатор за стратешко планирање и регионален развој_ Центар за развој на Источен плански регион ул. „Ванчо Прке“ бр. 119, 2 спрат 2000 Штип Република Северна Македонија T: +389 32 386 409 M: +389 78 474 125 E: [email protected] W: www.eastregion.mk [2] _Emil Vasilev_ _Coordinator __for strategic planning and __regional development_ Centre for Development of the East Planning Region st. Vancho Prke 119 , 2nd floor 2000 Shtip Republic of North Macedonia T: +389 32 386 409 M: +389 78 474 125 E: [email protected] W: www.eastregion.mk [2] Links: —— [1] https://drive.google.com/file/ d/1yR9hCAzFBwPCpxwXsRcnxiGUgRN oyt0J/view?usp=sharing [2] http://www.eastregion.mk/ The post Jавна расправа по Нацрт-Просторниот план на Република Северна Македонија 2040 appeared first on Општина Пехчево .

Објавено: 8 окт. 2026 г., во 08:54Прикажуваме до: 10.10.2026 г., 08:54Проверено: 14.10.2026 г., 13:23
Општина Пехчево ↗
Комунални услуги

Јавно известување за учество на засегнатата јавност во јавниот увид и одржување јавни расправи по нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина за Регионалниот план за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански ре

Пехчево

Се информира широката засегната јавност, особено органите засегнати во Источниот и Североисточниот плански регион, општините кои ги сочинуваат планските региони и граѓаните, дека во рамките на проектот „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“ (NEAR/SKP/2022/EA-RP/0137), финансиран од Европската Унија преку Инструментот за Претпристапна помош (ИПА), подготвен е нацрт Регионален План за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион и нацрт Извештај за стратегиска оцена на животна средина за Регионален план за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион. Постапката за стратегиска оценка на животна средина за Регионален план за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион започна на 22.12.2025 година со подготовка на Одлука и Формулар за спроведување на стратегиска оценка од Центарот за развој на Североисточен плански регион и Центарот за развој на Источен плански регион и тие беа објавени на веб страниците на: Министерството за животна средина и просторно планирање, Центарот за развој на Североисточен плански регион и Центарот за развој на Источен плански регион. Во периодот 5.10.2026 до 15.11.2026 нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина за Регионален план за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион и нацрт Регионалниот План за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион ќе бидат достапни на увид на засегнатата јавност со цел обезбедување навремено информирање и овозможување учество на јавноста во постапката за подготовка на Регионалниот план за управување со отпадот и во постапката за стратегиска оцена на животната средина на овој плански документ. Документите ќе бидат ставени на јавен увид на следниот начин: Печатени верзии од документите: нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина за Регионален план за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион (македонски јазик) нацрт Регионален План за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион (на македонски јазик) и Нетехничко резиме од нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина и Нетехничко резиме на Регионалниот План за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион (на албански јазик)ќе бидат достапни во просториите на: Центарот за развој на Североисточен плански регион, ул. Илинденска бб, 1300 Куманово, контакт лице: г-дин Саша Кузмановиќ (тел. 072/224-425 и e-mail [email protected] ) и Центарот за развој на Источен плански регион, ул. Ванчо Прке бр. 119, 2 кат, 2000 Штип, контакт лице: г-дин Емил Василев (тел. 032 386 409 и e-mail: [email protected] ); Електронска верзија од сите горенаведени документи заедно со Јавното Известување ќе бидат достапни на веб страните на: Министерството за животна средина и просторно планирање ( https://www.moepp.gov.mk/ ) Центарот за развој на Североисточен плански регион ( https://northeastregion.gov.mk/ ) Центарот за развој на Источен плански регион ( https://eastregion.mk/ ) Општините во Североисточен и Источен плански регион (на web страните на општините), Објава на Јавното известување во печатен медиум (дневен весник на македонски и албански јазик) достапен на цела територија на државата. Се повикуваат локалните самоуправи од Североисточниот и Источниот регион, јавните комунални претпријатија, претставниците на бизнис секторот, сите заинтересирани страни, институции, организации, здруженија, претставници на граѓанските здруженија, стручната јавност и локалното население активно да се вклучат во јавниот увид на нацрт документите и да ги достават своите коментари, забелешки и предлози во однос на документите. Предлозите, мислењата, коментарите и забелешките можат да се достават во електронска форма до следните контакт-лица: Г-дин Емил Василев, контакт-лице од Источниот плански регион, на e-mail: [email protected] ; Г-дин Саша Кузмановиќ, контакт-лице од Североис

Објавено: 2 окт. 2026 г., во 10:47Прикажуваме до: 4.10.2026 г., 10:47Проверено: 14.10.2026 г., 13:23
Општина Пехчево ↗

Локални извори и последни проверки

Општина Пехчево ↗Датирани објави · одобрување пред приказHEALTHY16/10/2026, 02:59

Водовод: потребен е дополнителен потврден локален канал.

Јавни претпријатија: потребни се дополнителни локални канали.

Регионални и национални извори

Земјотреси · EMSC

Епицентри наведени во Северна Македонија или нејзиниот граничен регион.

Каталог и детали →
Жолто: M 3,0–4,9Црвено: M ≥ 5,0

Боите се маркери за магнитуда на InfoCentar, не оценка на опасност или инструкции за евакуација. Локацијата на епицентарот не ја покажува областа каде е почувствуван земјотресот. Податоците може да се ревидираат.

Последна успешна проверка: 16 окт. 2026 г., во 03:20 · Последни 24 часа

Во преземениот каталог нема соодветни записи за овој период. Ова не е потврда дека нема земјотреси или опасност.

Институциски предупредувања · наскоро

Исчезнати лица, официјални потраги и евакуации ќе бидат достапни по договор со надлежните институции и поврзан овластен канал.