Официјални извори

Прекини и известувања · Македонска Каменица

Локални соопштенија, вода, комунални услуги и проверени кризни известувања.

Тековни
Празен список не потврдува дека нема прекини или опасност. Општината го означува локалниот канал; засегнатите улици и населени места се во оригиналниот текст. Датумот на објава и прозорецот за приказ не потврдуваат почеток или завршување на прекин. 112
Општина

ЈАВЕН УВИД И ПОКАНА ЗА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НАЦРТ АКЦИСКИОТ ПЛАН ЗА ОДРЖЛИВА ЕНЕРГИЈА И КЛИМА НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Македонска Каменица

Општина Македонска Каменица ја објавува на јавен увид нацрт-верзијата на Акцискиот план за одржлива енергија и клима (СЕКАП) за периодот 2026-2030 година , со цел граѓаните и сите заинтересирани страни да се запознаат со неговата содржина и да се вклучат во процесот на негово доработување. СЕКАП претставува стратешки документ со кој се утврдуваат приоритетите и мерките на општината за подобрување на енергетската ефикасност, користење обновливи извори на енергија, намалување на емисиите на јаглерод диоксид и приспособување кон климатските промени. Неговата реализација треба да придонесе кон поодржлив локален развој, поздрава животна средина и подобар квалитет на живот за населението. Во рамки на процесот на јавни консултации, на 22 октомври 2026 година, со почеток во 12:00 часот, во Домот на културата во Македонска Каменица , ќе се одржи јавна презентација на нацрт-документот . На презентацијата ќе бидат претставени клучните наоди, целите и предложените мерки, а присутните ќе имаат можност да поставуваат прашања и да дадат свои мислења, забелешки и предлози. Ги покануваме сите граѓани, правни лица, здруженија на граѓани, претставници на медиумите и други заинтересирани чинители да го разгледаат нацрт-документот и да присуствуваат на јавната презентација. Учеството на локалната заедница е значајно за изработка на план што ги одразува реалните потреби на општината и предвидува остварливи решенија за енергетските и климатските предизвици. Добиените мислења, забелешки и предлози ќе бидат разгледани при подготовката на конечната верзија на документот, пред неговото доставување за усвојување. Нацрт-верзијата на СЕКАП е достапна за преземање во прилог на оваа објава. Општина Македонска Каменица The post ЈАВЕН УВИД И ПОКАНА ЗА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НАЦРТ АКЦИСКИОТ ПЛАН ЗА ОДРЖЛИВА ЕНЕРГИЈА И КЛИМА НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА appeared first on Општина Македонска Каменица .

Објавено: 14 окт. 2026 г., во 09:19Прикажуваме до: 21.10.2026 г., 09:19Проверено: 14.10.2026 г., 13:23
Општина Македонска Каменица ↗
Општина

Јавна расправа за Нацрт-Просторниот план на Република Северна Македонија 2040

Македонска Каменица

Општина Македонска Каменица ги информира граѓаните, институциите, граѓанските организации и сите заинтересирани страни дека на 15 октомври 2026 година, во Штип, ќе се одржи јавна расправа за Нацрт-Просторниот план на Република Северна Македонија 2040, во рамки на Источниот плански регион. Јавната расправа има за цел запознавање на јавноста со предложените плански решенија, како и овозможување активно учество во процесот на просторно планирање преку доставување мислења, предлози, забелешки и сугестии. Датум: 15 октомври 2026 година (четврток) Време: 11:00 часот Место: Сала на Советот на Општина Штип Центарот за развој на Источниот плански регион ги повикува претставниците на единиците на локалната самоуправа, институциите, стручната јавност, граѓанските организации, засегнатите страни и сите заинтересирани граѓани да земат активно учество во јавната расправа. Општина Македонска Каменица ги охрабрува своите граѓани и сите заинтересирани субјекти да се вклучат во процесот и со своите предлози и сугестии да придонесат кон планирањето на одржлив, рамномерен и функционален просторен развој на регионот и државата. Нацрт-Просторниот план на Република Северна Македонија 2040 е достапен на следниот линк: Нацрт-Просторен план на Република Северна Македонија 2040 The post Јавна расправа за Нацрт-Просторниот план на Република Северна Македонија 2040 appeared first on Општина Македонска Каменица .

Објавено: 8 окт. 2026 г., во 15:02Прикажуваме до: 15.10.2026 г., 15:02Проверено: 14.10.2026 г., 13:23
Општина Македонска Каменица ↗
Општина

Шест апликации на првиот Јавен повик за „Енергетско ефикасни домови“

Македонска Каменица

Заврши првиот Јавен повик за изработка на проектна документација и поставување на енергетско-ефикасни фасади и реконструкција на кровови на станбени згради за колективно домување во Општина Македонска Каменица. На повикот се поднесени вкупно шест апликации, за кои по извршената евалуација и рангирање е утврдено дека се комплетни. Сите апликации ќе поминат во следната фаза и ќе добијат проектна документација, која се изработува од страна на партнерите во проектот – Хабитат Македонија. Благодарение на професионалноста и ажурноста на Хабитат Македонија, проектната документација за реконструкција на фасада за Заедницата на сопственици „Каменичка 18“ веќе е во завршна фаза, а започнува и изработката на документација за Заедницата на сопственици „Каменичка 20“. Очекувањата се дека и останатите четири Заедници на сопственици од „Гоце Делчев 5“, „Александар Македонски 11“, „Самоилова – Кула 1“ и „Самоилова – Кула 2“ ќе добијат проектна документација во текот на ноември 2026 година. Општина Македонска Каменица ги повикува и останатите жители во станбени згради за колективно домување да оформат Заедници на сопственици и да бидат подготвени за повикот кој ќе биде распишан во 2027 година. Општината за оваа намена одвојува рекордни средства во државата и нуди субвенции до 40%, односно до максимум 1 милион денари по апликација. The post Шест апликации на првиот Јавен повик за „Енергетско ефикасни домови“ appeared first on Општина Македонска Каменица .

Објавено: 5 окт. 2026 г., во 08:38Прикажуваме до: 12.10.2026 г., 08:38Проверено: 14.10.2026 г., 13:23
Општина Македонска Каменица ↗
Комунални услуги

Јавно известување за учество на засегнатата јавност во јавниот увид и одржување јавни расправи по нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина за Регионалниот план за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански ре

Македонска Каменица

Се информира широката засегната јавност, особено органите засегнати во Источниот и Североисточниот плански регион, општините кои ги сочинуваат планските региони и граѓаните, дека во рамките на проектот „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“ (NEAR/SKP/2022/EA-RP/0137), финансиран од Европската Унија преку Инструментот за Претпристапна помош (ИПА), подготвен е нацрт Регионален План за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион и нацрт Извештај за стратегиска оцена на животна средина за Регионален план за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион. Постапката за стратегиска оценка на животна средина за Регионален план за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион започна на 22.12.2025 година со подготовка на Одлука и Формулар за спроведување на стратегиска оценка од Центарот за развој на Североисточен плански регион и Центарот за развој на Источен плански регион и тие беа објавени на веб страниците на: Министерството за животна средина и просторно планирање, Центарот за развој на Североисточен плански регион и Центарот за развој на Источен плански регион. Во периодот 5.10.2026 до 15.11.2026 нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина за Регионален план за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион и нацрт Регионалниот План за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион ќе бидат достапни на увид на засегнатата јавност со цел обезбедување навремено информирање и овозможување учество на јавноста во постапката за подготовка на Регионалниот план за управување со отпадот и во постапката за стратегиска оцена на животната средина на овој плански документ. Документите ќе бидат ставени на јавен увид на следниот начин: Печатени верзии од документите: нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина за Регионален план за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион (македонски јазик) нацрт Регионален План за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион (на македонски јазик) и Нетехничко резиме од нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина и Нетехничко резиме на Регионалниот План за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион (на албански јазик)ќе бидат достапни во просториите на: Центарот за развој на Североисточен плански регион, ул. Илинденска бб, 1300 Куманово, контакт лице: г-дин Саша Кузмановиќ (тел. 072/224-425 и e-mail [email protected] ) и Центарот за развој на Источен плански регион, ул. Ванчо Прке бр. 119, 2 кат, 2000 Штип, контакт лице: г-дин Емил Василев (тел. 032 386 409 и e-mail: [email protected] ); Електронска верзија од сите горенаведени документи заедно со Јавното Известување ќе бидат достапни на веб страните на: Министерството за животна средина и просторно планирање ( https://www.moepp.gov.mk/ ) Центарот за развој на Североисточен плански регион ( https://northeastregion.gov.mk/ ) Центарот за развој на Источен плански регион ( https://eastregion.mk/ ) Општините во Североисточен и Источен плански регион (на web страните на општините), Објава на Јавното известување во печатен медиум (дневен весник на македонски и албански јазик) достапен на цела територија на државата. Се повикуваат локалните самоуправи од Североисточниот и Источниот регион, јавните комунални претпријатија, претставниците на бизнис секторот, сите заинтересирани страни, институции, организации, здруженија, претставници на граѓанските здруженија, стручната јавност и локалното население активно да се вклучат во јавниот увид на нацрт документите и да ги достават своите коментари, забелешки и предлози во однос на документите. Предлозите, мислењата, коментарите и забелешките можат да се достават во електронска форма до следните контакт-лица: Г-дин Емил Василев, контакт-лице од Источниот плански регион, на e-mail: [email protected] ; Г-дин Саша Кузмановиќ, контакт-лице од Североис

Објавено: 2 окт. 2026 г., во 20:10Прикажуваме до: 4.10.2026 г., 20:10Проверено: 14.10.2026 г., 13:23
Општина Македонска Каменица ↗
Комунални услуги

Заврши Проектниот форум – граѓаните ги избраа приоритетите и доставија 10 препораки до Општината

Македонска Каменица

Во Општина Македонска Каменица се одржа четвртата и завршна сесија на Проектниот форум, со што беше заокружен процесот на директно учество на граѓаните во предлагањето, разгледувањето и изборот на проекти од значење за локалната заедница. На завршната сесија граѓаните преку гласање и бодување одлучуваа за три предлог-проекти. Резултатите се: ЕКО пазар во Македонска Каменица – 20 поени Училишен кампус – 18 поени Музеј на рударство – 10 поени Покрај гласањето за предложените проекти, од четирите одржани форумски сесии произлегоа и 10 препораки од граѓаните до Општина Македонска Каменица: 1. Отворање на Младински центар 2. Реконструкција на трпезарија и поставување на настрешница на Грчки гробишта 3. Изградба на мост за возила на горна Каменичка Река 4. Реконструкција на кејот на Каменичка река 5. Изградба на тротоари на ул. Церска 6. Поставување на куќички за бездомници 7. Уредување на постоечката теретана 8. Поставување на контејнери за рециклирање и селекција на отпад, како и воведување компостери за органскиот отпад 9. Реконструкција на водоводот во Стара Каменица и во Дулица 10. Езерски туризам – уредување на пешачка патека на Калиманско Езеро Препораките произлегоа од жителите кои учествуваа во форумските сесии и претставуваат конкретни насоки за потребите и приоритетите на локалната заедница. Проектниот форум се реализира во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, со грант-фонд од 30.000 американски долари. Проектот се спроведува во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), со поддршка од Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа. Општина Македонска Каменица им се заблагодарува на сите граѓани кои активно учествуваа во форумскиот процес и дадоа свој придонес во утврдувањето на локалните приоритети. The post Заврши Проектниот форум – граѓаните ги избраа приоритетите и доставија 10 препораки до Општината appeared first on Општина Македонска Каменица .

Објавено: 2 окт. 2026 г., во 08:54Прикажуваме до: 4.10.2026 г., 08:54Проверено: 14.10.2026 г., 13:23
Општина Македонска Каменица ↗

Локални извори и последни проверки

Општина Македонска Каменица ↗Датирани објави · одобрување пред приказHEALTHY16/10/2026, 02:59

Водовод: потребен е дополнителен потврден локален канал.

Јавни претпријатија: потребни се дополнителни локални канали.

Регионални и национални извори

Земјотреси · EMSC

Епицентри наведени во Северна Македонија или нејзиниот граничен регион.

Каталог и детали →
Жолто: M 3,0–4,9Црвено: M ≥ 5,0

Боите се маркери за магнитуда на InfoCentar, не оценка на опасност или инструкции за евакуација. Локацијата на епицентарот не ја покажува областа каде е почувствуван земјотресот. Податоците може да се ревидираат.

Последна успешна проверка: 16 окт. 2026 г., во 03:20 · Последни 24 часа

Во преземениот каталог нема соодветни записи за овој период. Ова не е потврда дека нема земјотреси или опасност.

Институциски предупредувања · наскоро

Исчезнати лица, официјални потраги и евакуации ќе бидат достапни по договор со надлежните институции и поврзан овластен канал.