Официјални извори
Прекини и известувања · Крушево
Локални соопштенија, вода, комунални услуги и проверени кризни известувања.
ОпштинаСООПШТЕНИЕ за организирање на ЈАВЕН УВИД за предлог Измена и дополнување на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена Д3 – спорт и рекреација на зелени површини – Полетиште за параглајдери
КрушевоРепублика Северна Македонија Општина Крушево Бр.21-816/25 08.10.2026 година Врз основа на член 22 став (1) точка 1 и член 50 став (1) точка 4 и 5 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ” бр. 5/02 и 84/20) и („Службен весник на РСМ“ бр. 202/24) и член 62 став (10) од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр. 32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25, 127/25 и 134/26) како и донесената Програма за финансирање на изработка на урбанистички планови за 2026 година, бр. 08-1219/13 од 03.12.2025 година, донесена од Советот на општина Крушево, Градоначалникот на општина Крушево објавува: С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на ЈАВЕН УВИД за предлог Измена и дополнување на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена Д3 – спорт и рекреација на зелени површини – Полетиште за параглајдери на м.в. Црн врв КО Крушево вон град, општина Крушево Се организира јавен увид за предлог Измена и дополнување на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена Д3 – спорт и рекреација на зелени површини – Полетиште за параглајдери на м.в. Црн врв КО Крушево вон град, општина Крушево. Проектниот опфат се наоѓа на м.в. Црн врв КО Крушево вон град, Општина Крушево и опфаќа делови од катастарските парцели КП бр. 2514/1, КП бр. 2514/4, КП бр. 2514/5, КП бр. 2514/6, КП бр. 2514/7, КП бр. 2880/1 и КП бр. 2970/1 КО Крушево вон град, општина Крушево. Согласно границите, вкупната површина на проектниот опфат изнесува: 2.34 ха. Јавниот увид се организира во просториите на Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево, соба број 23, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот, а ќе трае 15 денови, почнувајќи од 09.10.2026 година до 24.10.2026 годинa. Во исто време ќе се спроведува и во електронска форма преку информацискиот систем е–урбанизам, а ќе биде објавен и на веб страната на општината www.krusevo.gov.mk. Предлог Измената и дополнувањето на Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена Д3 – спорт и рекреација на зелени површини – Полетиште за параглајдери на м.в. Црн врв КО Крушево вон град, општина Крушево, во печатена форма ќе биде истакнат во просториите на Центарот за информирање на граѓаните на општина Крушево и Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево. Сите заинтересирани субјекти, физички и правни лица во предвидениот рок, на анкетни листови ќе можат да ги достават своите забелешки, мислења и предлози по предлогот на проектот. Анкетните листови можат да се подигнат во просториите на Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево, соба бр. 23, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот. Пристигнатите забелешки ги разгледува комисија за урбанизам од член 38 од овој закон, која составува записник со образложение за прифатени и неприфатени забелешки што се објавуваат на службената веб странa и се испраќаат на изработувачот на урбанистичкиот проект за да ги вгради во проектната документација. Соопштение за организирање на Јавен увид Анкетен лист УП_Крушево_Општина – синтезен план Измена и дополнување на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена Д3 – спорт и рекреација на зелени површини – Полетиште за параглајдери на м.в. Црн врв КО Крушево вон град, општина Крушево
Објавено: 8 окт. 2026 г., во 10:24Прикажуваме до: 15.10.2026 г., 10:24Проверено: 14.10.2026 г., 13:23
Општина Крушево ↗ОпштинаИзвестување за спроведена административна селекција по Јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на Управен одбор и Надзорен одбор на ЈП „Комуна“ Крушево
КрушевоОпштина Крушево ги известува заинтересираните кандидати и јавноста дека по истекот на рокот за пријавување по Јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на Управниот одбор и Надзорниот одбор на ЈП „Комуна“ Крушево, објавен на 24.09.2026 година, Комисијата именувана со Решение бр. 08-945/7 од 22.09.2026 година, спроведе административна селекција на пристигнатите пријави. Во предвидениот рок е поднесена една пријава за кандидат за член на Управниот одбор, додека не се поднесени пријави за кандидати за членови на Надзорниот одбор. По извршената проверка на доставената документација, Комисијата констатира дека пријавената кандидатка Костандина Тасеска ги исполнува општите и посебните услови утврдени со Јавниот повик за кандидат за член на Управниот одбор на ЈП „Комуна“ Крушево. Имајќи предвид дека Управниот одбор на ЈП „Комуна“ Крушево се состои од пет члена, со поднесената една пријава не е обезбеден доволен број кандидати за продолжување на постапката во следната фаза, односно за спроведување на интервју и предлагање на кандидати за избор. Од наведените причини, Комисијата констатира дека постапката по Јавниот повик не може да продолжи до фазата на интервју и предлагање на кандидати за членови на Управниот одбор и Надзорниот одбор на ЈП „Комуна“ Крушево. За понатамошното постапување во врска со обезбедување на составот на Управниот одбор и Надзорниот одбор на ЈП „Комуна“ Крушево, јавноста ќе биде навремено информирана. Општина Крушево
Објавено: 8 окт. 2026 г., во 10:05Прикажуваме до: 15.10.2026 г., 10:05Проверено: 14.10.2026 г., 13:23
Општина Крушево ↗Комунални услугиПокана за дводневна практична обука за одржливост, енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и циркуларни практики во туристичкиот сектор
КрушевоОпштина Крушево и Центарот за одржлив развој АЛКА, во рамки на проектот „Крушево и Елбасан – Патување во природа и авантура“, Ве поканува да учествувате на дводневна практична обука за одржливост, енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и циркуларни практики во туристичкиот сектор. 8 и 9 октомври 2026 година Хотел Монтана, Крушево Почеток: 09:00 часот Обуката е наменета за сопственици и претставници на туристички бизниси и туристички објекти од Крушево и Елбасан, како и за претставници на локални туристички субјекти. Учесниците ќе имаат можност да: • научат практични мерки за намалување на потрошувачката на енергија; • се запознаат со можности за примена на обновливи извори на енергија; • идентификуваат можности за намалување на отпадот и поефикасно користење на ресурсите; • развиваат одржливи и циркуларни туристички производи; • работат на конкретни подобрувања за сопствениот бизнис; • добијат стручни совети и повратни информации од експерти. Ве молиме пополнете го прашалникот за проценка на потребите за обуката, работилницата и менторската програма на следниот линк: https://forms.gle/Xc7ZVAnEXo8z9obW6 Ве очекуваме во Крушево!
Објавено: 2 окт. 2026 г., во 15:42Прикажуваме до: 4.10.2026 г., 15:42Проверено: 14.10.2026 г., 13:23
Општина Крушево ↗Комунални услугиЈАВЕН ПОВИК за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на управен и надзорен одбор на ЈП „Комуна“ Крушево
КрушевоРЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ОПШТИНА КРУШЕВО СОВЕТ НА ОПШТИНА КРУШЕВО Бр. 08-945/6 22.09.2026 година Врз основа на член 36 став 1 точка 5 и 15 од Законот за локалната самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 5/2002 и „Сл. весник на РСМ“ бр. 202/2024), член 17-а став 2 од Законот за јавните претпријатија („Сл. весник на РМ“ бр.38/1996, 9/1997,06/2002, 19/2002, 40/2003, 49/2006, 22/2007, 83/2009, 97/2010, 6/2012, 119/2013, 41/2014, 138/2014, 25/2015, 61/2015, 39/2016, 64/2018 и 35/2019 и „Сл. весник на РСМ“ бр. 275/2019, 89/2022, 274/2022, 208/2024 и 193/2025) и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите, како и други прашања во врска со спроведување на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија („Сл. весник на РСМ“ бр. 283/2022), Советот на Општина Крушево објавува: Ј А В Е Н П О В И К за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на управен и надзорен одбор на ЈП „Комуна“ Крушево Јавниот повик се објавува за избор на членови на управен и надзорен одбор на ЈП „Комуна“ Крушево. ЈП „Комуна“ Крушево е јавно претпријатие за комунални дејности, основано од Општина Крушево со шифра 36.00 според НКД и веб страница https://www.komunakrusevo.mk/. Управниот одбор на ЈП „Комуна“ Крушево брои 5 (пет) членови . Управниот одбор на јавното претпријатие има овластувања да презема мерки кои се потребни и корисни заради постигнување на целите на јавното претпријатие во согласност со закон. Управниот одбор на јавното претпријатие: Го донесува статутот и ги донесува одлуките за инвестиции во јавното претпријатие, Ги усвојува програмата за работа и развој на јавното претпријатие, Ја утврдува деловната политика, Ги усвојува тримесечниот извештај кој содржи показатели за финансиското работење, годишната сметка и извештајот за работењето на јавното претпријатие, Одлучува за употребата на средства остварени со работењето и покривање на загубите, Ги донесува одлуките за инвестиции, Ги утврдува цените на производите и услугите, Одлучува за внатрешната организација на јавното претпријатие, Го донесува актот за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените, Врши други работи утврдени со актот за основање и статутот на јавното претпријатие и Го избира и разрешува директорот и заменик директор на јавното претпријатие врз основа на јавен конкурс. Надзорниот одбор на ЈП „Комуна“ брои 3 (три) членови. Надзорниот одбор врши контрола на материјално-финансиското работење на јавното претпријатие. Надзорниот одбор задолжително ги прегледува тримесечните извештаи кои содржат показатели за финансиското работење, годишните сметки и извештајот за работа и по прегледувањето му дава мислење на управниот одбор. Управниот одбор не може да ги усвои тримесечните извештаи кои содржат показатели за финансиското работење, годишните сметки и извештајот за работењето, ако предходно не добие позитивно мислење од надзорниот одбор за контрола. Надзорниот одбор за контрола може да дава одобрение на актите донесени од управниот одбор, доколку тоа е предвидено со статутот на јавното претпријатие. Мандатот на членовите на управниот и надзорниот одбор изнесува 4 (четири) години со право на уште еден последователен мандат. За учество во работата на управниот и надзорниот одбор членовите ќе добиваат финансиски надоместок чија висина со одлука ја определува Советот на Општина Крушево согласно Законот за јавните претпријатија. За член на управниот одбор на ЈП „Комуна“ Крушево, кандидатите треба да ги исполнуваат следниве општи услови: Да е државјанин на Република Северна Македонија Да има стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование и Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изрчена казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност. Посебни услови: Кандидатите треба да и
Објавено: 24 сеп. 2026 г., во 14:04Прикажуваме до: 26.9.2026 г., 14:04Проверено: 14.10.2026 г., 13:23
Општина Крушево ↗ Водовод: потребен е дополнителен потврден локален канал.
Јавни претпријатија: потребни се дополнителни локални канали.
Земјотреси · EMSC
Епицентри наведени во Северна Македонија или нејзиниот граничен регион.
Каталог и детали →Жолто: M 3,0–4,9Црвено: M ≥ 5,0
Боите се маркери за магнитуда на InfoCentar, не оценка на опасност или инструкции за евакуација. Локацијата на епицентарот не ја покажува областа каде е почувствуван земјотресот. Податоците може да се ревидираат.
Последна успешна проверка: 16 окт. 2026 г., во 03:20 · Последни 24 часа
Во преземениот каталог нема соодветни записи за овој период. Ова не е потврда дека нема земјотреси или опасност.
Институциски предупредувања · наскоро
Исчезнати лица, официјални потраги и евакуации ќе бидат достапни по договор со надлежните институции и поврзан овластен канал.