Официјални извори
Прекини и известувања · Демир Капија
Локални соопштенија, вода, комунални услуги и проверени кризни известувања.
Комунални услугиНаграден конкурс за енергетска ефикасност на домаќинства во Демир Капија
Демир КапијаЦентарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје, во соработка со Општина Демир Капија, со цел да ги промовира и поттикне мерките за енергетска ефикасност кај домаќинствата во општината, организираат јавен награден конкурс за домаќинства кои спровеле мерки за енергетска ефикасност на својот дом и домаќинство. Со конкурсот ќе се промовираат и наградат ефикасна енергетско-социјална и еколошка промена во домаќинството во општината за домаќинствата да станат енергетски поефикасни, со што ќе се популаризираат мерките што ги примениле, како и постигнатите економски, социјални и еколошки придобивки. Наградата за енергетска ефикасност ќе биде доделена на јавен настан, организиран во Општина Демир Капија како завршен настан на јавната кампања за промоција на енергетската ефискасност на домаќинствата и придобивките кои ги овозможува. Зошто е важна енергетската ефикасност во домот? Енергетската ефикасност значи да трошиме помалку енергија, а да живееме поудобно. Со едноставни подобрувања во домот, како подобра изолација, нови прозорци или поефикасни уреди, може значително да се намалат сметките за струја и греење – дури и до 40 отсто. Тоа значи повеќе пари во семејниот буџет и потопол дом во зима, а посвеж во лето. Воедно, со помала потрошувачка помалку се загадува, што е добро за сите нас. Постојат и можности за финансиска поддршка, како кредити и субвенции, кои ја олеснуваат оваа инвестиција. Најдобро е да се започне со проверка на домот, за да се види каде се губи енергијата и што може да се подобри. Цел на наградниот конкурс Целта на конкурсот е преку награди на домаќинства кои направиле напор да станат енергетски поефикасни и нивните лични примери, да ги мотивира останатите домаќинствата на локално ниво да преземат конкретни чекори за подобрување на енергетската ефикасност во своите домови, преку информирање, практични примери и финансиски поттик. Кои се придобивките од наградниот конкурс? Целта на наградниот конкурс е преку него да се изградат долгорочни навики за одговорно користење на енергијата, да се намалат трошоците на домаќинствата и да се придонесе кон почиста животна средина на ниво на општината. Преку конкурсот, општината може да ја зголеми свеста кај граѓаните за придобивките од намалена потрошувачка на енергија, да поттикне примена на мерки како изолација, ефикасни уреди или обновливи извори, и да создаде позитивни искуства и приказни кои ќе ги истакнат добрите практики. Како долгорочен резултат, се очекува придобивките од мерките за енергетска ефикасност (што не мора да значат користење само на чиста енергија) да се широко прифатени од граѓаните и домаќинствата и да се промовирани од локалната самоуправа. Наслов на наградниот конкурс „Штеди енергија – освој вредна награда!“ Задача на наградниот конкурс Да се мотивираат граѓаните активно да применуваат мерки за енергетска ефикасност во своите домови и секојдневие, преку едноставен, интерактивен и видлив награден конкурс. Времетраење Наградниот конкурс ќе биде отворен за пријави четири недели и ќе заврши со финално извекување на награди на јавен настан во општината. Правила за пријавување: Право на учество имаат сите полнолетни жители во Општина Демир Капија; Темата на конкурсот е примена на мерки за енергетска ефикасност во домаќинствата; Испратената пријава може да има само еден (1) автор; Секој автор може да учествува со една (1) пријава. Пријавите треба да бидат оригинални, да не ги прекршуваат начелата на авторската сопственост и да не повикуваат на насилство и нетолеранција; Испратените пријави да се достават до Еко-свест Скопје со пополнување на онлајн формулар најдоцна до 10.11.2026 до 12:00 часот на пладне со поднесување на следните податоци: Наслов на пријавата Име и презиме на авторот Адреса Контакт телефонски број и електронска пошта фотографии (не повеќе од 10) и/или кратко видео (не подолго од 2 минути) со информација како во домаќинството се заштедила енергија и кои се придобивките, вклучително и постигнатите економски (на при
Објавено: 9 окт. 2026 г., во 16:07Прикажуваме до: 11.10.2026 г., 16:07Проверено: 14.10.2026 г., 13:21
Општина Демир Капија ↗ОпштинаСООПШТЕНИЕ
Демир КапијаВрз основа на член 3 од Правилникот за начинот и постапката за доделување на општински награди и признанија бр.07-185/1 од 11.09.1998 година донесен од Советот на Општина Демир Капија, Комисијата за доделување награди и признанија покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на наградата “7-ми Ноември” и признанија за 2026 година. Иницијатива за доделување на награда “7-ми Ноември” и признание може да поднесат сите физички и правни лица од Општина Демир Капија. Иницијативата се поднесува во писмена форма и истата содржи пошироко образложение за кандидатот односно кандидатите кои се предлагаат за наградата односно признанието, неговите остварувања што претставуваат посебен придонес за развој на Општина Демир Капија и за нејзиниот севкупен напредок и афирмација во областа на економскиот развој, науката, уметноста, образованието, културата, здравствената заштита и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други области. Подносителот на иницијативата во својот предлог задолжително мора да назначи дали кандидатот или кандидатите се предлагаат за награда “7-ми Ноември” или признание. Наградата “7-ми Ноември” се доделува на поединци, група творци, претпријатија, установи, организации и здруженија на граѓани, за особено значајни остварувања од интерес на општината. Признанијата се доделуваат за посебен придонес во развојот, унапредувањето и афирмацијата на Општина Демир Капија. Иницијативите се доставуваат до Советот на Општина Демир Капија, Комисија за доделување награди и признанија најдоцна до 26 Октомври 2026 година . Број 08-681/1 09.10.2026 година Претседател на Комисија за доделување награди и признанија, Валентина Тодорова
Објавено: 9 окт. 2026 г., во 15:03Прикажуваме до: 16.10.2026 г., 15:03Проверено: 14.10.2026 г., 13:21
Општина Демир Капија ↗Комунални услугиКОНКУРС За стипендирање на ученици и студенти за учебната 2026/2027 година
Демир КапијаКомисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти во Општина Демир Капија согласно член 3 од Одлуката за утврдување начин на стипендирање на талентирани ученици и студенти во Општина Демир Капија (“Службен гласник на Општина Демир Капија” бр.7/2022), член 7 од Правилникот за условите, критериумите и начинот за доделување на општински стипендии на ученици и студенти во Општина Демир Капија (“Службен гласник на Општина Демир Капија” бр.9/2022; 5/2023 и 8/2024), а во врска со точка 4 од глава II.1 од Програмата за активностите на Општина Демир Капија во областа на образованието и спортот во 2026 година (“Службен гласник на Општина Демир Капија” бр.3/2026) на ден 01.10.2026 година објавува К О Н К У Р С За стипендирање на ученици и студенти за учебната 2026/2027 година За учебната 2026/2027 година, Општина Демир Капија ќе додели: 3 (три) стипендии на ученици од III и IV година во средно образование. Стипендијата е во висина од 2.000,00 денари месечно за ученици, а се исплатува 9 месеци во годината. 3 (три) стипендии на редовни студенти запишани на прв циклус студии на државни факултети во РСМ, со завршена најмалку една година од студиите во високото образование. Стипендијата е во висина од 3.000,00 денари месечно за студенти, а се исплатува 9 месеци во годината. Услови за доделување на стипендии Право на стипендија имаат кандидатите кои учат и студираат во училиштата и факултетите во Република Северна Македонија, а ги исполнуваат следните услови: Редовни ученици од средно образование со континуиран одличен успех, кои ги исполнуваат условите предвидени во Правилникот за условите, критериумите и начинот за доделување на општински стипендии на ученици и студенти во општина Демир Капија и според наведените критериуми освоиле најмногу бодови. Редовни студенти со континуирано студирање, кои ги исполнуваат условите предвидени во Правилникот за условите, критериумите и начинот за доделување на општински стипендии на ученици и студенти во општина Демир Капија и според наведените критериуми освоиле најмногу бодови а кои во претходните години на студии постигнале просечен успех од најмалку 7,00. Потребни документи за учество на конкурсот за стипендии Пријава од ученикот / студентот (која е прилог на конкурсот); Документи за утврдување на материјално-финансиската состојба на апликантот: За вработените членови на семејството да се достават потврди за остварена плата за последните три месеци сметано до денот на поднесувањето на пријавата, или доколку до овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последно исплатената плата за оваа година (за родителите/старателите да се достави плата заверена од работодавецот), За пензионираните членови на семејството да се достави документ (чек) за висината на последно исплатената пензија, За разведените родители да се достави доказ за разводот, односно ако апликантот користи алиментација од родителот истата да се прикаже како месечен приход, За корисниците на социјалната помош да се достави последното решение за корисник на гарантиран минимален приход, За невработените членови на семејството на апликантот да се достават потврди од Агенцијата за вработување на РСМ дека се невработени или примаат месечен надоместок, За инвалидитет да се достави наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој, За браќа/сестри на кандидатот, кои се ученици/студенти, се доставува потврда од училиштето односно факултетот или друга институција, Уверение од Управата за јавни приходи за остварени приходи по разни основи од претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал…), за родителите/старателите, кандидатот и другите членови на неговото потесно семејство. Нотарски заверена изјава од апликантот дека доставените докуме
Објавено: 1 окт. 2026 г., во 12:15Прикажуваме до: 3.10.2026 г., 12:15Проверено: 14.10.2026 г., 13:21
Општина Демир Капија ↗Комунални услугиПријавување на заинтересирани лица за членување во Партиципативното тело на Општина Демир Капија од областа на урбанизмот
Демир КапијаВрз основа на одредбите на член 46 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25, 101/25, 127/25, 134/26 и 212/26), Градоначалникот на Општина Демир Капија распишува Ј А В Е Н П О В И К за пријавување на заинтересирани лица за членување во Партиципативното тело на Општина Демир Капија од областа на урбанизмот Се повикуваат сите заинтересирани лица, претставници на невладините организации од различните сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активисти од подрачјето на Општина Демир Капија што ги претставуваат различните групи на граѓани, како и граѓани што се стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и другите стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на урбаното и руралното подрачје на општината, да се пријават за нови членови на Партиципативното тело на Општина Демир Капија од областа на урбанизмот. Јавниот повик е распишан за периодот од 23.09.2026 до 23.10.2026. Пријавите да се достават до архивата на Општина Демир Капија во определениот рок. Истите треба да содржат контакт информации (име и презиме, адреса и контакт телефон), како и кратко образложение за начинот на кој заинтересираното лице смета дека ќе придонесе во работата на Партиципативното тело. Лицата чии што пријави ќе бидат прифатени, ќе бидат назначени за членови на Партиципативното тело и за истото ќе бидат известени во писмена форма. Цел на Партиципативното тело е обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичкото планирање. Партиципативното тело ќе ги претставува сите различни интереси и интересни групи во Општина Демир Капија и ќе ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, ќе ги следи состојбите во планирањето преку давање иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија и во постапката за изработување и донесување на плановите ќе ги разгледува планските програми и планските решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија. Партиципативното тело ќе заседава најмалку еднаш на два месеци и има консултативна улога во постапката за изработување и донесување на урбанистички планови. Работата на Партиципативното тело е јавна. Учеството во Партиципативното тело е на доброволна основа. Градоначалник Наталија Димитриева Образец за пријава Јавен повик
Објавено: 24 сеп. 2026 г., во 16:17Прикажуваме до: 26.9.2026 г., 16:17Проверено: 14.10.2026 г., 13:21
Општина Демир Капија ↗ Водовод: потребен е дополнителен потврден локален канал.
Јавни претпријатија: потребни се дополнителни локални канали.
Земјотреси · EMSC
Епицентри наведени во Северна Македонија или нејзиниот граничен регион.
Каталог и детали →Жолто: M 3,0–4,9Црвено: M ≥ 5,0
Боите се маркери за магнитуда на InfoCentar, не оценка на опасност или инструкции за евакуација. Локацијата на епицентарот не ја покажува областа каде е почувствуван земјотресот. Податоците може да се ревидираат.
Последна успешна проверка: 16 окт. 2026 г., во 03:20 · Последни 24 часа
Во преземениот каталог нема соодветни записи за овој период. Ова не е потврда дека нема земјотреси или опасност.
Институциски предупредувања · наскоро
Исчезнати лица, официјални потраги и евакуации ќе бидат достапни по договор со надлежните институции и поврзан овластен канал.