Официјални извори

Прекини и известувања · Демир Хисар

Локални соопштенија, вода, комунални услуги и проверени кризни известувања.

Тековни
Празен список не потврдува дека нема прекини или опасност. Општината го означува локалниот канал; засегнатите улици и населени места се во оригиналниот текст. Датумот на објава и прозорецот за приказ не потврдуваат почеток или завршување на прекин. 112
Струја

Планиран прекин

ДЕМИР ХИСАР

ВО ДЕМИР ХИСАР , ( УЛ.ПАРТИЗАНСКА, УЛ.МАКЕДОНИЈА, И УЛ. МАРШАЛ ТИТО) СО ОКОЛНИТЕ ОБЈЕКТИ.

Објавен датум / почеток: 3 ное. 2026 г., во 08:50Предвидено до: 3.11.2026 г., 12:00Проверено: 16.10.2026 г., 03:08
Електродистрибуција ↗
Струја

Планиран прекин

ДЕМИР ХИСАР-НОВО СЕЛО (ДЕМИР ХИСАР)

С.НОВО СЕЛО, С.РАКИТНИЦА, С.РАСТОЈЦА, С.КОЧИШТА, С.ГОРНО ДИВЈАЦИ, С.ДОЛНО ДИВЈАЦИ, С.АРИЛЕВО И С.ПУСТА РЕКА СО ОКОЛНИТЕ ОБЈЕКТИ.

Објавен датум / почеток: 27 окт. 2026 г., во 09:00Предвидено до: 27.10.2026 г., 14:00Проверено: 16.10.2026 г., 03:08
Електродистрибуција ↗
Струја

Планиран прекин

ДЕМИР ХИСАР-СОПОТНИЦА

ДЕЛ ОД С.СОПОТНИЦА , РУДНИК УПРАВНА ЗГРАДА СО ОКОЛНИТЕ ОБЈЕКТИ.

Објавен датум / почеток: 22 окт. 2026 г., во 08:45Предвидено до: 22.10.2026 г., 12:45Проверено: 16.10.2026 г., 03:08
Електродистрибуција ↗
Струја

ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ВИСОКОЕФИКАСНИ ИНВЕРТЕР КЛИМА-УРЕДИ ЗА 2026 ГОДИНА

Демир Хисар

Врз основа на Одлуката за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Демир Хисар за набавка на високоефикасни инвертер клима-уреди, со цел стимулирање на жителите на Општина Демир Хисар за примена на економични, енергетски ефикасни и еколошки прифатливи уреди за затоплување на домовите, Општина Демир Хисар објавува ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима-уреди за 2026 година 1. Предмет на јавниот повик Предмет на овој јавен повик е субвенционирање на жителите на Општина Демир Хисар за набавка на високоефикасни инвертер клима-уреди, преку надоместување на дел од трошоците направени за нивната набавка и монтажа. Вкупниот износ на финансиски средства предвидени за субвенционирање на граѓаните изнесува 350.000,00 денари . Финансиските средства ќе се доделуваат во висина од 50% од вредноста на набавениот инвертер клима-уред, но не повеќе од 10.000,00 денари по барател . Персоналниот данок на доход е на товар на Општина Демир Хисар. Распределбата на финансиските средства и разгледувањето на пристигнатите барања ќе ги врши Комисија формирана од градоначалникот на Општина Демир Хисар. Јавниот повик ќе трае од 15 октомври до 1 декември 2026 година . Доколку се исцрпат предвидените финансиски средства од Буџетот на Општина Демир Хисар за оваа намена пред истекот на рокот, Општината ќе ја информира јавноста преку својата официјална веб-страница дека јавниот повик е прекинат. 2. Право на учество на јавниот повик Право на учество на јавниот повик имаат физички лица со живеалиште на подрачјето на Општина Демир Хисар, кои набавиле високоефикасен инвертер клима-уред за затоплување на својот станбен објект во периодот од денот на објавување на јавниот повик до денот на неговото завршување и кои ќе поднесат барање за надоместување на дел од направените трошоци. Право на учество на јавниот повик немаат вработените во Општина Демир Хисар и нивните блиски роднини, односно лицата со кои се во брачна заедница, како и роднините по крв во права линија (деца, внуци, родители, баби и дедовци). 3. Услови што треба да ги исполнува барателот Барателот треба да ги исполнува следните услови: Да има живеалиште на подрачјето на Општина Демир Хисар. Набавениот инвертер клима-уред да е купен и монтиран во периодот од денот на објавување на јавниот повик до денот на неговото завршување и да е инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот. Станбениот објект да не е во фаза на градба и барателот да живее во него. Само едно лице од едно домаќинство (станбен објект) може да поднесе барање за надоместување на трошоците, исклучиво за набавка на еден уред. Две или повеќе домаќинства кои живеат во посебни делови од ист станбен објект, кои не се физички поделени, но претставуваат функционални целини, ќе се сметаат за посебни домаќинства доколку имаат засебни броила за електрична енергија и водомери. Во тој случај, носителот на посебното домаќинство може самостојно да поднесе барање, независно од сопственикот на станбениот простор, при што треба да достави последна сметка за електрична енергија или вода на свое име. Да ги има подмирено обврските по основ на данок на имот за станбениот објект во кој е монтиран уредот, заклучно со 2025 година. Напомена: Нема да се прифаќаат и субвенционираат фискални сметки и фактури издадени пред денот на објавување на јавниот повик. Барателот мора да ги исполнува сите наведени услови за неговото барање да биде прифатено. Во спротивно, Комисијата ќе достави предлог до градоначалникот на Општина Демир Хисар за одбивање на барањето. 4. Начин на пријавување и потребна документација За остварување на правото на надоместување на дел од трошоците за набавка на инвертер клима-уред, барателот до Општина Демир Хисар треба да ја достави следната документација: Пополнето барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на инвертер клима-уред, кое може да се подигне во архивата на Општина Демир Хисар или да се преземе од официјалната веб-страни

Објавено: 15 окт. 2026 г., во 10:31Прикажуваме до: 17.10.2026 г., 10:31Проверено: 15.10.2026 г., 10:44
Општина Демир Хисар ↗
Комунални услуги

ЦЕА и Општина Демир Хисар ја зајакнуваат соработката за транспарентни и отчетни климатски финансии

Демир Хисар

Центарот за економски анализи – ЦЕА и Општина Демир Хисар потпишуваат Меморандум за разбирање, со кој се воспоставува рамка за соработка во рамките на проектот „Зајакнување на интегритетот во климатските финансии: Транспарентни и отчетни климатски финансии за спречување на корупција“. Проектот се спроведува со финансиска поддршка на Европската Унија, во рамките на ИПА 2021 – „ЕУ за владеење на правото“, преку програмата EuropeAid/183031/DD/ACT/MK. Неговата цел е да придонесе кон поголема транспарентност, отчетност и интегритет при планирањето и користењето на јавните средства поврзани со климатските промени и заштитата на животната средина. Проектот започна во декември 2025 година и е предвидено да трае до јуни 2028 година. Со воспоставената соработка, Општина Демир Хисар ќе биде вклучена во активности насочени кон анализа на локалните практики во областа на климатското финансирање, зајакнување на капацитетите на општинската администрација, подобрување на транспарентноста на финансиските информации и создавање подобри можности за вклучување на граѓаните, граѓанските организации и локалниот бизнис сектор. Во рамките на проектот се предвидени активности за климатско буџетирање, управување со ризици, транспарентност и антикорупциски практики, како и развој на практични алатки преку кои локалните власти и јавноста полесно ќе можат да ги следат средствата и активностите поврзани со климатските и еколошките политики. Демир Хисар со највисоко ниво на вкупна информираност меѓу анализираните општини Резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од ЦЕА во девет општини покажуваат дека Демир Хисар се издвојува со висока информираност и значителна подготвеност на граѓаните за активно учество и надзор. Вкупната информираност на граѓаните за поимот климатско финансирање во Демир Хисар изнесува 73% – највисока вредност меѓу деветте општини опфатени со истражувањето. Дополнително, околу 28% од испитаниците даваат суштински точно спонтано објаснување на климатското финансирање, што исто така претставува највисок удел во примерокот. Високо е и нивото на изложеност на информации: 75% од граѓаните се информираат за темата преку најмалку еден извор, при што во Демир Хисар особено значајна улога имаат локалните медиуми и непосредната комуникација меѓу граѓаните. Интересен резултат е и оценката на граѓаните за механизмите на локална отчетност. 59% од испитаниците сметаат дека постои соодветна контрола и надзор врз трошењето на средствата, што е статистички значајно повисока вредност од резултатите во останатите анализирани општини. Истражувањето покажува и висока оценка за суштинското учество на граѓаните во локалното одлучувањe. Преку соработката со ЦЕА, Општина Демир Хисар ќе има можност дополнително да ги надгради постојните позитивни практики, да ја подобри достапноста и разбирливоста на информациите за климатските и еколошките инвестиции и да создава дополнителни можности за активно учество на граѓаните и локалниот бизнис сектор. Посебно значење ќе има претворањето на релативно високото ниво на информираност и интерес кај населението во конкретни механизми за учество, следење и јавен надзор, како и подобрување на комуникацијата со локалните компании за можностите што ги нудат зеленото и климатското финансирање. Со потпишувањето на Меморандумот, ЦЕА и Општина Демир Хисар ја потврдуваат заедничката определба за поотворено, транспарентно и отчетно локално управување, поактивно учество на јавноста и поефикасно користење на средствата наменети за климатските и еколошките политики. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија.

Објавено: 1 окт. 2026 г., во 08:56Прикажуваме до: 3.10.2026 г., 08:56Проверено: 14.10.2026 г., 13:23
Општина Демир Хисар ↗

Локални извори и последни проверки

Општина Демир Хисар ↗Датирани објави · одобрување пред приказHEALTHY16/10/2026, 03:01

Водовод: потребен е дополнителен потврден локален канал.

Јавни претпријатија: потребни се дополнителни локални канали.

Регионални и национални извори

Земјотреси · EMSC

Епицентри наведени во Северна Македонија или нејзиниот граничен регион.

Каталог и детали →
Жолто: M 3,0–4,9Црвено: M ≥ 5,0

Боите се маркери за магнитуда на InfoCentar, не оценка на опасност или инструкции за евакуација. Локацијата на епицентарот не ја покажува областа каде е почувствуван земјотресот. Податоците може да се ревидираат.

Последна успешна проверка: 16 окт. 2026 г., во 03:20 · Последни 24 часа

Во преземениот каталог нема соодветни записи за овој период. Ова не е потврда дека нема земјотреси или опасност.

Институциски предупредувања · наскоро

Исчезнати лица, официјални потраги и евакуации ќе бидат достапни по договор со надлежните институции и поврзан овластен канал.