Официјални извори
Прекини и известувања · Берово
Локални соопштенија, вода, комунални услуги и проверени кризни известувања.
ОпштинаЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица за вклучување во Јавни работи
БеровоВрз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2026 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија, за 5.1Програма за работно ангажирање-Јавни работи,финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и Општина Берово,односно учество на Општина Берово во ОП за 2026,Мерка 5.1Јавни работи, Општина Берово на ден:15.10.2026година објавува: Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Мерката 5.1Програма за работно ангажирање-Јавни работи Се повикуваат сите евидентираните невработени лица со ниски квалификации од територијата на општина Берово кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата за работно ангажирање-Јавни работи во проекти од инфраструктурен карактер и заштита на животна средина, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Берово. За спроведување на предвидените проекни активности од делокругот на Јавни работи предвидена е финансиска поддршка во износ од 800 денари по работно ангажирано лице,дневно,со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест. Работното ангажирање ќе биде реализирано во еден циклус годишно, во времетраење од 30 дена, по четири часа дневно. Селекцијата на заинтересираните пријавени кандидати ќе биде извршена од Комисија формирана од страна на Градоначалникот на Општина Берово. На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош. Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата за работно ангажирање-Јавни работиможат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Берово во периодот од15.10.2026 година до19.10.2026 од 08:00 до 14:00 часот. Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Општина Берово и Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и избраните кандидати. Детални информации за Мерка5.1 Програма за работно ангажирање-Јавни работи можат да се добијат во : Општина Берово кај лицето Даница Пиличовска , и во Агенција за вработување- Центар за вработување Берово кај лицето Габриела Чучурска. Општина Берово Градоначалник Петар Ружински
Објавено: 15 окт. 2026 г., во 08:39Прикажуваме до: 22.10.2026 г., 08:39Проверено: 15.10.2026 г., 08:41
Општина Берово ↗ОпштинаЈавен повик за изработка на лого на Локалниот младински совет на Општина Берово
БеровоЛокалниот младински совет на Општина Берово денеска, 6 октомври 2026 година, објавува јавен повик за изработка на лого кое ќе го претставува неговиот визуелен идентитет. На повикот можат да учествуваат млади лица до 29 години со сопствено авторско, оригинално и уникатно решение. Секој учесник може да достави и повеќе предлог-дизајни. Дизајни креирани со вештачка интелигенција нема да бидат разгледувани. При изборот ќе се земат предвид следните критериуми: – оригиналност и уникатност на дизајнот; – креативност и визуелна препознатливост; – поврзаност со младите и работата на Локалниот младински совет; – едноставност и јасност; можност за практична примена на различни материјали и во различни формати. Предлог-дизајните треба да се испратат на [email protected], најдоцна до 25 октомври 2026 година, до 23:59 часот. Во електронската порака задолжително треба да се наведат име и презиме, возраст и телефонски број за контакт. По завршувањето на повикот, пристигнатите предлози ќе бидат разгледани на седница на Локалниот младински совет, а победничкиот дизајн ќе биде избран со гласање на неговите членови. Доколку ниту еден од доставените предлози не биде оценет како соодветен, повикот ќе биде повторен со нов рок и услови. Ги повикуваме младите креативци да ги споделат своите идеи и да придонесат во создавањето на новиот визуелен идентитет на Локалниот младински совет на Општина Берово.
Објавено: 6 окт. 2026 г., во 12:05Прикажуваме до: 13.10.2026 г., 12:05Проверено: 14.10.2026 г., 13:22
Општина Берово ↗Комунални услугиЈавно известување за учество на засегнатата јавност во јавниот увид и одржување јавни расправи по нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина за Регионалниот план за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански ре
БеровоВо рамките на проектот „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“ (NEAR/SKP/2022/EA-RP/0137), финансиран од Европската Унија преку Инструментот за Претпристапна помош (ИПА), подготвен е нацрт Регионален План за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион и нацрт Извештај за стратегиска оцена на животна средина за Регионален план за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион. Согласно закон, потребно е да се одржат Јавни расправи по горенаведените документи. За таа цел е подготвено Јавно известување за учество на засегнатата јавност во јавниот увид и одржување јавни расправи по нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина за Регионалниот план за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион (РПУ за ИПР и СИПР) Јавното Известување е објавено на we b страната на Центарот за развој на Источен плански регион и можете да го преземете од следниот ЛИНК
Објавено: 2 окт. 2026 г., во 10:21Прикажуваме до: 4.10.2026 г., 10:21Проверено: 14.10.2026 г., 13:22
Општина Берово ↗ОпштинаОдржана јавна дебата за дефинирање на приоритетите за претстојниот јавен повик за граѓански организации
БеровоВчера во Општина Берово, се одржа јавна дебата за дефинирање на приоритетите за претстојниот Јавен повик за финансирање на проекти на граѓански организации , кој се планира да биде објавен на крајот на октомври 2026 година. Јавната дебата беше можност за заинтересираните граѓани и претставниците на граѓанскиот сектор активно да се вклучат во дискусијата, да ги споделат своите идеи, предлози и мислења и да дадат придонес во утврдувањето на приоритетите за развој на локалната заедница. Целта на дебатата беше да се обезбеди транспарентен, партиципативен и инклузивен процес при креирањето на приоритетите за јавниот повик, со што ќе се овозможи подобро планирање и поддршка на иницијативи кои придонесуваат за локалниот развој, заштитата на животната средина, социјалната инклузија и унапредувањето на квалитетот на животот на граѓаните. Како резултат на дискусијата, беа дефинирани следните приоритетни области: Локален економски развој и туризам Култура и културно наследство Социјална заштита и човекови права Животна средина, енергетска ефикасност и климатски промени Млади и спорт Општина Берово продолжува да ја поддржува соработката со граѓанскиот сектор и создавањето можности за заедничко делување, во насока на одржлив и инклузивен локален развој , преку иницијативи што одговараат на потребите и приоритетите на граѓаните. Благодарност до Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) , која преку Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3), финансирана од Европската Унија (ЕУ), придонесува за зајакнување на капацитетите на граѓанскиот сектор во Берово и создавање можности за реализација на проекти од локално значење.
Објавено: 23 сеп. 2026 г., во 13:12Прикажуваме до: 30.9.2026 г., 13:12Проверено: 14.10.2026 г., 13:22
Општина Берово ↗ЗемјотресПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ДЕЛЧЕВО-БЕРОВО 15.9.2026
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 14 часот и 29 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Делчево-Берово, на околу 122 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.7. Земјотресот е почувствуван во југоисточните делови на Републиката, особено во Пехчево, Берово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Објавен датум / почеток: 15 сеп. 2026 г., во 00:00Прикажуваме до: 15.9.2026 г., 23:59Проверено: 16.10.2026 г., 03:22
Сеизмолошка опсерваторија — ПМФ, УКИМ ↗ Општина Берово ↗Датирани објави · одобрување пред приказHEALTHY16/10/2026, 02:56 ЈПКР Услуга – Берово ↗Проверка на страница · рачен прегледDEGRADEDЧека поврзување или прво преземањеПоследната проверка не успеа Водовод: потребен е дополнителен потврден локален канал.
Земјотреси · EMSC
Епицентри наведени во Северна Македонија или нејзиниот граничен регион.
Каталог и детали →Жолто: M 3,0–4,9Црвено: M ≥ 5,0
Боите се маркери за магнитуда на InfoCentar, не оценка на опасност или инструкции за евакуација. Локацијата на епицентарот не ја покажува областа каде е почувствуван земјотресот. Податоците може да се ревидираат.
Последна успешна проверка: 16 окт. 2026 г., во 03:20 · Последни 24 часа
Во преземениот каталог нема соодветни записи за овој период. Ова не е потврда дека нема земјотреси или опасност.
Институциски предупредувања · наскоро
Исчезнати лица, официјални потраги и евакуации ќе бидат достапни по договор со надлежните институции и поврзан овластен канал.