Зука Мурињо дел од штабот на Јунајтед

Зука Мурињо дел од штабот на Јунајтед


Жозе Јуниор, попознат како Зука, беше меѓу членовите на стручниот штаб на Манчестер Јунајтед.

Јунајтед вчера славеше со 2:0 против Свонси на „Олд Трафорд“, а покрај Мурињо, заедно со вообичаените членови на стручниот штаб, беше и неговиот син Зука.

Синот на Мурињо беше во опрема на Јунајтед, но не е познато колку бил активен во текот на мечот или во подготовката на натпреварот против Свонси и со самото тоа колкав е неговиот придонес во победата.

„Специјалниот“ се обиде да ја објасни целата ситуација и ги предупреди останатите членови на стручниот штаб.

Кога загубивме од Вотфорд и Сити во септември 2016. година, мојот син дојде со некои статистики, а јас на своите помошници им реков да бидат внимателни и дека еден ден ова момче ќе го заземе некое од нивните места. Таков бев и јас во тие години и на разни начини сакав да му помогнам на својот татко“, раскажа Мурињо.

Освен тоа, тие двајца имаат и друга сличност. Имено, синот на Мурињо потпиша двегодишен стипендиски договор како голман во Фулам во 2016. година, но неговиот договор беше поништен со обострана согласност во март минатата година. Се чини, дека исто како и неговиот татко, сфатил дека многу повеќе може да направи како тренер отколку како играч.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно