Зијадин Села бара 30 милиони денари отшетата за нападот на 27 април

Зијадин Села бара 30 милиони денари отшетата за нападот на 27 април


Адвокатот на Зијадин Села побара отштета од 30 милиони денари, речиси половина милион евра, (487.375) за материјалните трошоци за лекувањето на неговиот клиент како и за претрпена физичка болка страв и повреда на личниот интегритет.

Во Кривичниот суд денеска почна главната расправа од судењето на обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села којшто се случи на 27 април минатата година во Собранието, пренесува РСЕ.

Според адвокатот на лидерот на Алијансата на Албанците, Абедин Абдулаи, Зијадин Села веројатно ќе се појави на денешната главна расправа.

За нападот се обвинети Кире и Цане Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра.

На претходното рочиште тие се изјаснија за невини.


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно