Зидан веќе има нов клуб откако ќе замине од Реал Мадрид

Зидан веќе има нов клуб откако ќе замине од Реал Мадрид


Зинедин Зидан по завршувањето на сезоната би можел да го напушти мадридски Реал со кого во изминатите две години освои се во клупскиот фудбал.

Сепак сезонава неговата екипа игра исклучително лошо и прогнозите се дека доколку не успее да ја одбрани титулата во Лигата на шампионите ќе му биде врачен отказ. Меѓутоа иако отказот во Реал му е речиси подготвен Зидан не мора да се грижи за околу работата бидејќи како што се шпекулира тој ќе биде новиот тренер на ПСЖ. 

На клупата на екипата од Париз седи Унаи Емери, но медиумите пишуваат дека без оглед на резултатите кои ќе ги постигне тој ќе го напушти ПСЖ.

Сопственикот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи смета дека Зидан е идеално решение за тренерската функција во неговиот тим.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно