Женско торзо без глава и раце најдено во австриско езеро

Женско торзо без глава и раце најдено во австриско езеро


Женски труп без глава и раце најден е во петокот покрај австриско езеро, соопшти полицијата.

„Торзото го најде локален жител и се верува дека било таму последните неколку месеци“, рече портпаролот на полицијата Хелмут Герјнер. „Кучиња-душкачи и полициски нуркачи во моментот се обидуваат да ги најдат останатите делови од телото“, додава тој. Ужасното откритие е направено во плиткото езеро Нојсејд, кое се протега на границата меѓу Австрија и Унгарија.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно