Жена си играла со полн пиштол и застрелала маж во глава, сето тоа во живо снимено на Фејсбук

Жена си играла со полн пиштол и застрелала маж во глава, сето тоа во живо снимено на Фејсбук


Касандра Демпер, жена од Тексас била уапсена откако беше снимена на Фејсбук во живо како испукала еден куршум во главата на маж додека си играла со полн пиштол.

Страшното видео, кое сега е погледнато повеќе од 100 пати на социјалните мрежи, го покажува точниот момент кога Девин Холмс беше погоден. Холмс, 26 годишен татко на две деца сега е во критична состојба откако беше погоден со куршум во главата на паркингот на бензиска пумпа во Хјустон. 

Касандра Демпер, жената која пукала со пиштолот се соочува со обвиненија. На почетокот од видеото се покажува како Холмс го зема пиштолот и гледа во него. Потоа, мажот кој седел на задното седиште, го става пиштолот помеѓу Демпер и Холмс.


Потоа, Демпер го зема пиштолот, покажува со него кон камерата, додека во истиот момент Холмс ја фаќа за рака. "Ме правиш нервозен", рекол тој. "Од каде кажа дека си? Кажи нешто к**ко", повторил Холмс. Потоа Демпер испукала еден куршум во главата на Холмс. Таа и мажот од задното седиште веднаш побегнале од автомобилот, оставајќи го Холмс да крвари.

Демпер е обвинета за напад и криење на докази, откако се обидела да ги избрише отисоците од огненото оружје. Таа им рекла на полиција дека не знаела дека пиштолот е полн.

Властите изјавиле дека во зависност од повредата ќе се одлучи дали ќе има допонителни обвиненија против Демпер.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно