Земан освои 41.55 проценти од гласовите во Чешка

Земан освои 41.55 проценти од гласовите во Чешка


Сегашниот претседател Милош Земан и академикот Јиржи Драгош се победници во првиот круг на претседателските избори во Чешка и тие ќе ги одмерат силите во вториот на 26 и 27 јануари.

Земан освои 41,55 отсто, а Драхош 25,23 отсто од гласовите. После нив следуваат Павел Фишер со 9,56, Михал Харачек со 8,8 и Марек Нишлер со 8,7 отсто од гласовите. 

Како што веќе јавивме, првиот изборен ден помина во сенка на скандалот што непосредно пред приоѓањето на претседателот Земан до избирачката кутија, го приреди украинската феминистка, за која подоцна се дозна дека се вика Ангелина Дујашова. 

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно