Заврши најпознатото рели “Дакар“

Заврши најпознатото рели “Дакар“


Карлос Сајнц подобар од конкурентите

Од големата четворка на Peugeot, таканаречениот „Дрим Тим“, единствено Карлос Саинц остана на висината на задачата во целиот тек на релито и по почетните, поситни проблеми, навлезе во жестоко темпо и со својот 3008 DKR Maxi му го донесе третиот последователен триумф на најтешкото рели на светот.

Сите 3 досегашни релија на Дакар „Ел Матадор“, возејќи Peugeot, за жал не успеа да ги заврши, но затоа сега по втор пат триумфираше (првиот пат 2010 година со Volkswagen).

Истовремено, со оваа победа Peugeot се простува (барем засега) од понатамошното натпреварување на Дакар.

Прекалениот Стефан Петерхансел, кој добар дел од релито беше во водство, претпоследниот ден направи фатална грешка, удирајќи во дрво, со што го загуби второто место во генералниот пласман и на крај мораше да се задоволи со четвртата позиција.

Останатите припадници на Тимот од соништата на Францускиот лав – Себастиен Лоеб и Сирил Депре уште првата недела испаднаа од борбата за врвните пласмани, па Депре остатокот од релито го помина како поддршка на Саинц и Петерхансел, што се покажа како одлична тактика и добитна стратегија. Во спектакуларната камионска класа исто така се водеше жестока борба, помеѓу рускиот екипаж на Kamaz на чело со Едуард Николаев и Аргентинецот Федерик Вилагр со Ivecо.

Во претпоследната етапа лутите ривали „влетаа“ со само една секунда разлика, за потоа Русот да направи решавачка предност, освојувајќи ја својата трета победа на Дакар.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно