Запознајте ја Вера – девојката борец, единствената ученичка со попреченост во гимназијата ,,Орце Николов"

Запознајте ја Вера – девојката борец, единствената ученичка со попреченост во гимназијата ,,Орце Николов


Ова е патот кој секој ден од дома кон училиште сама го поминува Вера Апостоловска, девојката која има состојба на церебрална парализа што и’ ги отежнува моториката и говорот.

Неколку минути пред 13 часот во училишниот двор на скопската гимназија „Орце Николов“ во Скопје , звукот од тркалата на училишната торба го најавува доаѓањето на девојката со убаво бело лице и сини очи. 

Вера Апостоловска има 17 години и е втора година во гимназија. Во ова училиште таа е единствената ученичка со попречености. Покрај проблемите коишто се појавуваат со моториката, Вера е активно вклучена во редовниот образовен систем со помош на асистивната технологија што многу и помага на училиште. Иако навидум се разликува од своите врсници, таа се едуцирала во редовно училиште и во учењето не заостанувала зад своите врсници. 

Вели дека многу сака да спортува, пешачи и вози велосипед, а ги совладала и сите предизвици на модерната технологија. Насмеана и со ведар дух, Вера е амбициозна тинејџерка со големи планови за иднината. 

Вера умее да работи на компјутер, пребарува на Интернет, се дружи, гледа спорт, сака мода како и секоја девојка. Или, Вера денес живее исто како и нејзините врсници.


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно