Никола одел по работ на улицата кога на него налетал автомобил. Од силината на повредите веднаш починал, а девојката која се наоѓала неколку метри подолу викнала полиција и лекари.
Никола Д. (23) од село Обреж загина во сообраќајна несреќа која се случи во селото Купиново кај Пеќинци.
Според неофицијалните информации, непознат возач налетал на момчето со автомобил, го усмртил и побегнал.
Несреќата се случила во петокот вечерта во 21 часот.
-Никола одел по работ на улицата кога на него налетал автомобил. Од силината на повредите веднаш починал, а девојката која се наоѓала неколку метри подолу викнала полиција и лекари. Меѓутоа, додека и таа се движела кон него, наишло друго возило кое поминало преку несреќното момче. Итната помош стигна само за да констатира смрт. Полицијата изврши увид, се утврдуваат сите околности и уште се трага по несовесниот возач, велат од истрагата.
Мештаните на Купиново од оваа улица велат дека се потресени од смртта на момчето.
-Никола родум е од Обреж, каде живееше со таткото и мајката, а со години работеше во Купиново. Колку што знаеме, привремено работеше во една пекара. Таа вечер наводно тргнал на работа. Голема трагедија, беше добро и вредно момче, велат мештаните.
Точниот датум за погребот на момчето се уште не е соопштен, додека семејството не го преземе телото после обдукцијата.
Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк