Загинат на патот Штип-Велес

Загинат на патот Штип-Велес


Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Штип-Велес, што се случила околу 14 часот.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова вели дека несреќата се случила помеѓу автобус со велешки регистарски таблички и автомобил марка „шкода“ со скопски регистарски таблички, кои се движеле во спротивни правци.Во несреќата на лице место животот го загубил возачот во автомобилот „шкода“, чиј идентитет се уште не е утврден.Од АМСМ информираат дека сообраќајот на патниот правец Велес-Штип од 14:15 часот е во целосен прекин и дека сообраќајот од Штип се пренасочува преку Куманово.Во тек е увид на лице место од страна на полициски службеници и основен јавен обвинител од Свети Николе.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно