Заев ќе сведочи за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села

Заев ќе сведочи за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села


Премиерот Зоран Заев ќе биде сведок на судењето за обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села.

Предлогот дошол од еден од адвокатите на одбраната по дел од изјавите на Заев дадени во јавноста и медиумите за овој настан кој се случи на 27 април 2017 година во законодавниот дом. Адвокатите и судот ќе го испрашуваат Заев за тоа што точно видел во Собранието, а е поврзано со обидот за убиство на претседателот на Алијансата за Албанците. 

Судијката Славица Андреевска, која го води предметот, за месецов закажа 5 рочишта кои ќе се одржат на 10, 16, 18, 25 и 27 април.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно