Заев: 5,5 милиони евра пенали ако Владата одлучи да не се гради Клиничкиот центар на постојното место

Заев: 5,5 милиони евра пенали ако Владата одлучи да не се гради Клиничкиот центар на постојното место


На новата можна локација кај Визбегово изградбата би чинела меѓу 450 и 500 милиони евра.

5,5 милиони евра пенали, доколку не се изгради Клиничкиот центар на првично предвидената локација, бидејќи договорот е потпишан. На новата можна локација кај Визбегово изградбата би чинела меѓу 450 и 500 милиони евра. 

„Ако Владата одлучи да не се гради Клиничкиот центар на постојното место ќе треба да плати пенали од околу 5,5 милиони евра, заради тоа што е потпишан договорот“, посочи премиерот пред пратениците. За новата локација кажа дека е во Бардовци, блиску до индустриската зона во Визбегово, и оти е погодна поради близината на обиколницата и пристапот на западниот и источниот дел на Македонија, но и лесниот пристап на граѓаните на Скопје. 

Премиерот Заев на пратеничко прашање за изградбата на новиот Клинички во Скопје изјави дела доколку се гради на нова локација, најрано камен темелник ќе има за пет години. Предлогот за нов Клинички центар во Бардовци детално бил презентиран пред Владата.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно