Зад фашизмот државата, па антифашистите тепаа полицаец(видео)

Зад фашизмот државата, па антифашистите тепаа полицаец(видео)


Во италијанскиот град Пјаченца дојде до жесток судир на анти-фашисти и полицијата.

Во една од тесните улички на градот каде беа концетрирани демонстрантите малиот кордон на специјалци беше немоќен да ги спречи во нападите. Дел од специјалците ги спуштија штитовите и побегнаа пред насобраната толпа која броеше околу 450 луѓе и не употреби солзавец, шок бомба или други средства за растерување на гневни демонстранти.

При сударите петмина полицајци се повредени, а еден е со потешко повреди. Тој остана зад кордонот на полицијата и брутално беше тепан од демонстрантите кои го газеа на улицата.

Осуда за ваквото насилство стигнува од сите политички фактори во Италија, без оглед дали се од страна на левицата или десницата. Причина за насилните протести беше покренато обвинение против членови на радикалната левичарска група Casapound .

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно