За дворската будала Дачиќ, Македонија била Скопје

За дворската будала Дачиќ, Македонија била Скопје


Шефот на српската дипломатија, пејачот Ивица Дачиќ во интервју за Радио Телевизија Војводина изјави дека доколку условот за влез на Србија во ЕУ е признавање на Косово, тогаш тоа е бајка.

Зборувајќи за името Македонија, тој кажа дека станува збор за интереси и наведе дека „Скопје го призна Косово и гласаше за членство на Косово во УНЕСКО, додека Грција е пријателска земја која не го признава Косово“.

„Ако некој и дава предност на Приштина во однос на Белград, тоа претставува политичка порака“- рече Дачиќ.

Во тој контекст тој кажа и дека западните земји кога говорат за решение на кризата со Косово, мислат на тоа да се прифати и признае независноста.

Ова не е прв пат Дачиќ да упати вакви пораки кон Македонија. Тој минатата година најави дека е можно да го разгледаат својот став за признавање на Македонија под уставното име. 

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно