За да спаси куче, се удави 6 годишно дете

За да спаси куче, се удави 6 годишно дете


Трагедијата се случи во понеделникот околу 17.30 часот кога детето паднало во надојдената река додека си играло со другарчето. Како што се утврдило, Филип настрадал во обид да спаси куче кое пред тоа паднало во реката.

По грозничавата потрага, шестгодишниот Филип Б. е пронајден на четири клиометри низводно од местото каде паднал во Бањска река. Лекарите направија се, но му немаше спас.

Шестгодишниот Филип Б. кој  се удави во Бањска река во Сијаринска Бања, е погребан вчера на гробиштата во Медвеѓа. На последното простување од трагично настраданото дете присуствуваа семејството и голем број роднини и пријатели.

Трагедијата се случи во понеделникот околу 17.30 часот кога детето паднало во надојдената река додека си играло со другарчето. Како што се утврдило, Филип настрадал во обид да спаси куче кое пред тоа паднало во реката.

Си играл со другарчето

-Филип си играл со другарче од соседството. Мајката го пуштила да биде сам со другарчето половина час во дворот, меѓутоа децата се искарале и отишле на блискиот кеј, а со себе го понеле и кученцето, раскажува соседката на несреќното семејство.

Како што вели таа, во текот на играта, во вода паднало куќето кое децата го зеле со себе.

-Филип тргнал по него, но веројатно се лизнал и паднал. Мајката на Филип излегла од куќата по 15 минути. Кога видела дека децата ги нема, тргнала кон реката. Таму го затекнала другото дете како оди покрај водата. Тоа рекло дека Филип паднал во водата и дека тој го бара. Жената се фрапирала, вели низ солзи пријателката  на семјството на настраданото дете.

Мајката на Филип веднаш повикала помош и почнала големата потрага по момчето. Веста се раширила и во потрагата се вклучила цела Сијаринска Бања - сите мештани, пожарникари и вработени во Здравствениот дом. Детето наброз е најдено.

-Го пронајдоа 4 километри под Сијаринска Бања. Филип веднаш е префрлен во Здравствениот дом во Медвеѓа, каде лекарите се обидоа да го реанимираат. Сите направија се, но му немаше помош, вели соговорничката.

Сите во солзи

Соседите за семејството на малиот Филип имаат само зборови за пофалба.

-Тоа се прекрасни луѓе, добри, убаво воспитани, летно време се во Медвеѓа, а преку зима овде во Бања. Детето беше толку посебно, златно... Сите плачат поради трагедијата, толку сме потресени, никој не може да верува што се случило, ни рече соседката.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно