За 14 минути направила 5 сообраќајки

За 14 минути направила 5 сообраќајки


Четириесетгодишна жена од Германија во рок од 14 минути направила пет сообраќајни несреќи, предизвикувајќи материјална штета од 45 илјади евра.

Најпрво удрила во семафор, па враќајќи се наназад удрила во автомобил, нешто подоцна со предниот дел го удрила возилото пред неа. Потоа уште еднаш удрила враќајки се наназад во возило зад неа, додека чекала да се запали зелено светло и на крај, во кривина, предизвикала судир во кој два автомобила излетале од патот, а еден се превртел.

Во овој сплет на несреќи нема тешко повредени лица и сите учесници во настаните се на домашно лекување.

Жената не била ниту под дејство на алкохол ниту на наркотични средства, а ќе се проверува нејзината психичка состојба.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно