Вулин: Вучиќ ќе успее да се избори за Косово

Вулин: Вучиќ ќе успее да се избори за Косово


Србија е во тешка позиција,соочена со силата на големите кои од Србија бараат таа да го оправда нивното кршење на меѓународното право и насилство кое го спроведуваа, изјави српскиот министер за одбрана Александар Вулин во интерју за српскиот весник „

Тој истакна дека „на чело на Србија, после долго време, се наоѓа претседател кој има храброст да се носи со посилни од себе и кој издржува притисоци“. 

– Вучиќ ќе се избори – рече Вулин одговарајќи на прашањето во колку тешка ситуација е Србија моментално кога станува збор за Косово и дали ќе може да извлече максимум. Српскиот министар исто така рече дека е многу тешко да се зборува за нормализација на односите со Приштина, односно со оние кои користат насилство и не го одржуваат зборот. 

 Отворено ве лажат, се закануваат и подметниваат, но тоа не е работа на избор, туку на она што мора да се направи за својот народ и земја – изјави Вулин говорејќи за нормализација на односите со Приштина.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно