Вучиќ:Ми смо криви , штп смо живи

Вучиќ:Ми смо криви , штп смо живи


Но, виновни сме што сме живи, виновни сме што сме Срби и не гледам друга вина“, заклучи тој.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека знае дека претепувањето на Ѓуриќ е наредено од највисоки официјални лица на Приштина. „Ние тоа да го направевме, никој немаше да нѐ спаси“.Тој, од Пасуљанските ливади, каде што се одржа вежба на српската војска, рече дека не знае кога и како да преговара со официјалните лица на Приштина, за кои знае дека го наредиле апсењето на директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија. „Не знам да ви кажам дали ќе ги продолжиме разговорите со Приштина, бидејќи и самиот не знам како“, рече Вучиќ.

Исто така, рече тој, на сите треба да им биде јасно дека Приштина самата не одлучува за сѐ, туку наместо неа тоа го прават спонзорите на нејзината независност.

Одговарајќи на прашањето на новинарот за разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, Вучиќ рече дека му сметаат оцените на некои медиуми, во кои тој е критикуван поради разговорот со Путин. „Разговарав со сите и разговарам со сите. Во Европа не постои некој кој не зборува со Путин. Денес ќе разговарам и со Ердоган, разговарав и со Федерика Могерини, истиот ден“, рече Вучиќ.

„Јас веќе ништо не разбирам. Мојата работа е да разговарам со сите и сите да ги запознаам со ситуацијата на КиМ и барам одговори“, рече Вучиќ. Додаде дека е тешко да се разговара со некој кој е спонзор на независноста на Косово, а тоа се САД. „Тие тоа не го кријат и со тоа се гордеат, како и некои западни земји. Кога со нив разговарате гледате дека на Албанците сѐ им е дозволено“, рече Вучиќ.

„Ако не дај Боже се случеше ние да претепаме некој Албанец никој на Земјинава топка немаше да нѐ спаси. Тоа ќе беше главна вест, ќе бевме осудени, жигосани... Овој пат гледаа да се премолчи. Ми се гади од нивното лицемерство, кога немаат храброст да кажат какви одлуки направија во 2008, тогаш ги прозиваат двете страни. Јас имам храброст тоа да им го кажам на сите во лице. Моја работа е да ја штитам Србија“, истакна српскиот претседател.

Според него, западните лидери страшно се нервираат кога ќе им се покажат документи, со исклучок на Могерини која имаше храброст одма да дојде во Белград. „Кога ќе им ги покажете документите за пратените документи, три пати пратени, кога ќе видат дека нема одговор, кога не знаат што да ви кажат, потоа велат, сега тоа мора да го надминеме“, рече Вучиќ.

Тој исто така рече дека Србија сака да го сочува мирот и тоа е „нашата најважна цел“, но додаде дека „сите сакаат да прифатиме вина за нешто во што не сме учествувале“. „Дали ние некого влечевме како куче и дали ние како стока тоа сме го правеле? Не сме. Но, виновни сме што сме живи, виновни сме што сме Срби и не гледам друга вина“, заклучи тој.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно