Вучиќ се скара со хрватските новинари: Покорен нема да ме видите

Вучиќ се скара со хрватските новинари: Покорен нема да ме видите


,,Ние имаме различни погледи за она што се случувало пред 23 и 28 години, но тоа не значи дека не треба да живееме, изјави Вучиќ, додавајќи дека „бил пристоен, сериозен и одговорен, не сакајќи на навредите да одговори со навреди. " - Вели Вучиќ

На инсистирањата на новинарите да одговори директно дали жали за својата изјава од времето на воениот конфликт во 1995 година дека градот Глина „никогаш нема да биде хрватски“, српскиот претседател видно лут, избегна да даде директен одговор.

 – Мерката на вашата подршка, почитување, за љубовта е директно пропоционална со понизноста која ја очекувате од некого кој би дошол меѓу вас. Таков вид на понизност, страв или потреба да ви се додворувам никогаш нема да видете, изјави Вучиќ. На повеќе пати поставено прашање за изјавата во Глина, која се наоѓа на 20 километри од Вргинмост, Вучиќ одбегна директно да одговори и изјави дека Србија и Хрватска освен 36 километри од граничната линија на Дунав „немаат други спорови околу границата“.

– Ние имаме различни погледи за она што се случувало пред 23 и 28 години, но тоа не значи дека не треба да живееме, изјави Вучиќ, додавајќи дека „бил пристоен, сериозен и одговорен, не сакајќи на навредите да одговори со навреди. И денеска слушав невистини за себе и не мислам да одговрам на тие лаги, рече српскиот претседател. 

Тој во расправата со новинарите изјави дека и куќите на наговото семејство во Ќипуличи кај Бугојно се запалени во војната. – Ме прашавте ли кој ги запали? Нема понизност од мене да видите, изјави тој.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно