Вучиќ дамлосан од барањето на Пленковиќ

Вучиќ дамлосан од барањето на Пленковиќ


Тој кажа дека го вџашило тоа што хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го отворил прашањето за воена отштета.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој набрзо треба да замине во официјална посета на Хрватска на покана на претседателката Колинда Грабар Китаровиќ, во Белград го пречека европскиот комесар за проширување Јоханес Хан. Во таа прилика Вучиќ одговараше на прашања за скорешната посета на Загреб.Тој кажа дека го вџашило тоа што хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го отворил прашањето за воена отштета.

„Да сум на негово место, не би го поставувал тоа прашање. Се плашам дека Хрватска околу воената отштета не само што не може ништо да добие, туку може многу и да изгуби. Тоа е сѐ што би кажал во овој момент. Инаку, тоа можам да го поткрепам со илјадници разноразни и многу тешки аргументи“, кажа Вучиќ.

Тој зборуваше и за можните проблеми при влегувањето на Србија во ЕУ поради нерешената граница со Хрватска и Босна и Херцеговина.

За разговорот со Хан, претседателот на Србија кажа, по анализата на Стратегијата на ЕУ, дека 2025 година за Србија не е гаранција, туку е „важна како поттик за граѓаните да знаат дека сме работеле важни нешта, дека направивме многу важни работи, инаку немаше да бидеме на пат кон ЕУ“.

„Првпат Србија добива индикативен датум и во таа смисла има реална перспектива во ЕУ и единствена прилика тоа да го искористи“, кажа Хан во Белград.

„Шансата е во рацете на Србија и таа тоа треба да го искористи... Тоа е најдобрата прилика и најдобрата перспектива за граѓаните на Србија“, истакна еврокомесарот, додавајќи дека следат промените на планот на владеењето на правото и правосудството, како и дека тие промени не смеат да бидат „само на хартија“.

Хан го повтори предупредувањето на Брисел дека ЕУ „Нема да увезува билатерални спорови“, што за Србија значи решавање на косовското прашање. Европслката Унија, според Хан, очекува Србија „да реши и примени правно обврзувачи договор за стабилизација со Косово“.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно