Возот в снег

Возот в снег


Околу 600 патници во воз беа блокирани ноќеска во Јапонија поради силното снежно невреме кое ја зафати државата. Дел од патниците се евакуирани, а поголемиот дел од нив се извлечени наутро.

Возот со четири вагони трнал од Нигате со еден час задоцнување кога веќе почнал да паѓа снегот. Меѓутоа, после 2.5 часа, снежните наноси биле толку големи што возот не можел да се движи.

Од транспортната служба на Јапонија соопштија дека одлучиле да ја сопрат евакуацијата откако процениле дека било премногу ризично да бидат евакуирани сите патници поради длабокиот снег и мракот. Снежната бура предизвикала голем застој и на автопатите,  околу 400 автомобили останале заглавени повеќе од 12 часа. Во одредени делови од државата паднало дури за десет пати повеќе снег отколку што е за вообичаено за овој период од годината.

Во северните и западните делови на Јапонија паднал 10 пати повеќе снег од вообичаено. 

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно