Вознијацки го освои својот прв Грен слем турнир!

Вознијацки го освои својот прв Грен слем турнир!


Каролине Вознијацки која 67 недели во кариерата беше прва на ВТА листата дури денеска го освои својот прв Грен слем турнир откако ја совлада Симоне Халеп со 2-1 во сетови.

Чекањето конечно заврши, Каролине Вознијацки има Грен слем турнир, победи на Австралија опен. 

Поминаа 12 години од нејзината кариера, во која 67 недели беше на првото место, одигра 811 официјални мечеви и конечно дојде до еден од најголемите трофеи.

Вознијацки првиот сет го доби во тајбрејк со 7-6, во вториот Халеп беше подобра со 6-3, во третиот решавачки данската тенисерка триумфираше со 6-4 и големото славје можеше да почне.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно