Возач со автомобил тешко повреди пешак

Возач со автомобил тешко повреди пешак


Триесет и деветгодишен пешак од Скопје е тешко повреден откако во него удрил автомобил. Тешката сообраќајка се случила вчера на булеварот „Александар Македонски" во Скопје околу 9 часот.

Според МВР возачот М.А. (32) од Скопје со автомобил сеат алтеа удрил во Н.Т. Од ударот пешакот со тешки повреди веднаш бил префрлен во Ургентниот центар каде му била укажана лекарска помош и е задржан на лекување. 

На местото каде се случила сообраќајката извршен е увид и се утврдуваат причините за сообраќајката.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно