ВОНРЕДНА ВЕСТ: Внимавајте невреме во Македонија, два патни правци во прекин!

ВОНРЕДНА ВЕСТ: Внимавајте невреме во Македонија, два патни правци во прекин!


На патот Тетово-Јажинце, вечерва околу 20 часот, поради обилните врнежи дожд во селото Доброште, тетовско, се излеала водата од реката Поника, информира Авто-мото сојузот на Македонија. Поради излеаната вода, сообраќајот се одвива по една коловозна л

Во целосен прекин е сообраќајот од село Јегуновце кон село Радуша, бидејќи на влезот за село Долно Орашје, тетовско се излеала водата од Голема река. Од АМСМ додаваат дека сообраќајот на останатите државни патишта се одвива тековно, по влажни коловози. На Попова Шапка се бележат врнежи од снег кој наместа се задржува на коловозот, но во моментов тоа не преставува пречка за одвивање на сообраќајот.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно