Војната почна во ООН, засега е вербална

Војната почна во ООН, засега е вербална


Каде и да одите, што и да допрете, вие зад себе оставате хаос“, изјави рускиот амбасадор во Обединетите нации.

Русија и САД нема да бидат пријатели, вие немате пријатели, туку само земји кои што се плашат да ви речат не, му порача рускиот амбасадор во Обединетите нации на својата колешка од САД.

Американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли жестоко ја нападна Русија истакнувајќи дека токму Русија е одговорна за хемискиот напад во Источна Гута во Сирија и нагласи дека Русија ја има „крвта на мртвите сириски деца на своите раце“.

После нејзиниот говор во Советот за безбедност при Обединетите нации доцна синоќа, во кој што порача дека време е Асад да се соочи со правдата, следуваше одговор на рускиот амбасадор Василиј Небензја кој што подеднакво беше остар.

„Не го разбравте предупредувањето на рускиот претседател Путин кој го изнесе пред Генералното собрание на Обединетите нации во 2015-та година. Не разбравте кога порача - „Сфаќате ли што направивте?“, говорејќи за вашата надворешна политика. Не, не го сфативте тоа. Каде и да одите, што и да допрете, вие зад себе оставате хаос“, изјави рускиот амбасадор во Обединетите нации.

Кога станува збор за хемискиот напад, тој порача дека станува збор за „лажни вести“, затоа што тврди дека на локацијата на наводниот напад, не биле пронајдени никакви траги на хемиско оружје, ниту пак жртви.

Потоа, рускиот амбасадор се осврна на говорот на американската амбасадорка Ники Хејли која што порача дека САД и Русија никогаш нема да бидат пријатели.

„Не сме баш заинтересирани ниту да бидеме пријатели со вас, ние не ве молиме вас за пријателство. Ние сакаме нормални, цивилизирани односи, а вие арогантно го отфрлате тоа, отфрлајќи ги и принципите на основното убаво однесување. Но, се лажете ако мислите дека имате пријатели - вашите таканаречени пријатели се само оние земји кои што се плашат да ви речат не, кои што не можат да ви речат не. Тоа е вашиот критериум за пријателство“, порача Небензја.

Тој во завршницата на својот говор уште еднаш го нагласи руското предупредување дека било каков американски напад на Сирија каде што ќе бидат распоредени руските сили ќе има „големи последици“.

„Тоа што Западните воени авантури го носат е добро познато по примерите на Југославија, Ирак и Либија. Никој не ви дава право да бидете светски полицајци или пак да делувате како порота, обвинителство и судија“, порача рускиот амбасадор.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно