„Војна“ меѓу Невзат Бејта и Арбен Таравари!

„Војна“ меѓу Невзат Бејта и Арбен Таравари!


Сè што правев, правев во согласност со правото, се брани ексградоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта, по обвинувањата што ги изнесе актуелниот прв човек на гостиварската локална самоуправа Арбен Таравари.

Градоначалникот, презентирајќи докази под наслов „Вистината за ДУИ“, тврди дека поранешниот го распродал општинскиот имот по смешни цени, и тоа на свои блиски и подалечни роднини.

„Не само за земјиште, туку ги чуваме сите документи за кои било други постапки. Многу инвестиравме во градот Гостивар, над 600 проекти, над 50 колективни станови се изградени, работевме согласно сите правни нормативи и затоа Гостивар се разликува од другите градови. Таравари сега е избран да продолжи да работи најдобро, како што правев јас“, му одговори Бејта на Таравари.


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно