Воденски е македонски “вундеркинд“ во борењето

Воденски е македонски “вундеркинд“ во борењето


Иако има само 12 години, го сврте вниманието во светот со својот раскошен талент. Во Германија беше номиниран за „ЧУДО ОД ДЕТЕ“. во боречките спортови..

Неговите родители живеат во Франфурт, Германија, а потекнуваат од Русиново, Берово.Станува збор за Кристијан Воденски, кој во изминатите неколку години освојува само први места во боречките спортови речиси во сите стилови.Најдобар е и во и во кик бокс.Веќе се е договорено, Кристијан Воденски во идниот период да ги брани боите на Балканец.„Се е прецизирано околу неговите настапи за Балканец. Тој сигурно доаѓа во Штип. Денеска ќе биде регистриран за Балканец. Боденски има само 12 години и е пионер, има 32 килограми. Не знам во Македонија нема категорија за пионери до 32 килограми, Но, верувам дека се ќе биде во најдобар ред. Можно е да настапи на Изборното првенство за пионери кое ќе се одржи на 17 или 18 февруари во Штип...“- изјави секретарот на БАЛКАНЕЦ, Константин Шоров ,кој со себе ги носеше документите за регистрацијата на Воденси за најтрофејниот клуб во Македонија.Кристијан Воденски ќе биде вистинска атракција за штипјани и за Македониja.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно