Водено предавство

Водено предавство


Актуелната албанска Влада го има направено најголемото предавство на земјата ако е вистина тоа што го пишува грчкиот пачат кој тврди дека Владата во Тирана отстапила нови поморски води на Атина.

Ова го изјави екс претседателот на Албанија, Бујар Нишани ,коменирајки ги најновите информации кои доаѓаат од Грција, а во кои Владите на Албанија и Грција веќе постигнале согласност за проширување на територијалните води на Грција на штета на Албанија.

Нишани истакнува дека Јавниот обвинител на Албанија треба веднаш да покрене обвинение против првите луѓе на Владата бидејки се работи за издавање на државните интереси и фактички преставува акт против Уставот на земјата и оди во насока на нов конфликт помеѓу двата соседи.

Слични се и осудите што доаѓаат од страна на албанската опозиција која исто така смета дека новата спогодба на Тирана со Атина  за тертиторијалните води е на штета на Албанија .

Грчкиот весник „Energypress.gr“ на кој се повикува албанскиот печат наведува дека Спогодбата за  Економските зони е потпишана од страна на Атина и Тирана. Истите извори тврдат дека станува збор за отстапување на морски зони во кои наскоро Грција ќе започне истражување на нафтени полиња и гас

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно