Во Швајцарија пронајдена мртва Изабела Тодоровиќ (21): Исчезнала пред 3 месеци, а нејзиното тело било замотано во тепих

Во Швајцарија пронајдена мртва Изабела Тодоровиќ (21): Исчезнала пред 3 месеци, а нејзиното тело било замотано во тепих


Швајцарската полиција потврдила дека телото пронајдено во шумата замотано во тепих е на исчезнатата Изабела Тодоровиќ (21).

Манфред Хунзикер (78), сопственик на шумата, го пронашол телото на девојката со потекло од Србија. Било замотано во зелен тепих.

- Веднаш ми беше јасно дека станува збор за леш, видов коса и се јавив во полиција - вели Хунзикер.Полицијата го истражува случајот и ги проверува сите можности.

Очајната мајка Виолета е уверена дека нејзината ќерка е убиена. Семејството ја барало Изабела од 3. Ноември. Девојката тогаш последен пат и пратила СМС во која напишала дека по работа ќе оди на пијачка со колегите и ќе се врати дома со воз.

- Изчезна на 3. ноевмри. Ми испрати порака. Напиша дека со колешка ќе излезат а потоа дека наутро со воз ќе си дојде дома. Но не си дојде - вели нејзината мајка.

Нејзиното мртво тело пронајдено е пред една недела. Последен пат видена е во кафе бар во Цирих во друштво на двајца мажи.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно