Во Русија регистриран првиот истополов брак поради бирократска грешка

Во Русија регистриран првиот истополов брак поради бирократска грешка


Во Русија неодамна за првпат беше регистриран брак меѓу двајца мажи, што од страна на руското Министерство за внатрешни работи беше означено како бирократска грешка.

Русија не ги признава истополовите бракови и со закон забранува ширење хомосексуална „пропаганда“ меѓу малолетниците, па токму поради тоа тврдењето на Павел Стокуг и Евгениј Воитеховски дека нивниот брак официјално е регистриран предизвика бурни реакции во јавноста. 

Тие двајца изјавиле дека се венчале во Данска, а своите пасоши ги предале до надлежните лица во администрацијата, по што службеникот на патните документи им ставил ознака дека се венчани. 

Руското Министерство за внатрешни работи објави дека пасошите ќе бидат повлечени и дека службеникот ќе добие отказ. Руската организација која се залага за права на хомосексуалците, LGBT Network соопшти дека двојката ја напуштила Русија поради страв за својата безбедност.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно