Во лавина на швајцарски Алпи загинаа тројца шпански скијачи, а двајца се повредени

Во лавина на швајцарски Алпи загинаа тројца шпански скијачи, а двајца се повредени


Тројца шпански скијачи загинаа, а двајца се повредени во снежната лавина на швајцарски Алпи, соопшти денеска полицијата на југозападниот кантон Вале.

Несреќата се случила вчера во близина на местот Фиш, а спасувачката служба до доцна во ноќта трагаше по преживеаните скијачи. Кантоналната полиција уште во четвртокот вечерта на својата интернет страница ги предупреди скијачите од опасност од лавина.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно