Во Јужна Кореа мажите се шминкаат

Во Јужна Кореа мажите се шминкаат


Мажите од Јужна Кореја поминуваат повеќе време грижејќи се за својата кожа отколку било кои други мажи на светот. Инспирирани од своите идоли од светот на музиката, филмот, младите луѓе ширум Кореја тежнеат по совршенство.

Еден "мејкап" влогер зборувал за своите цели да ја промени перцепцијата за мажите кои употребуваат шминка. Со шминкање започнал во деветто одделение со намера да ги покрие акните на своето лице.

"Имам поголема самодоверба откако започнав да се шминкам", зборува овој влогер.

На улиците на Сеул можат да се забележат мажи кои промовираат козметички производи со совршена кожа на лицето. Мажите кои се шминкаат во Кореја се прифатени од општеството.

"Има мажи кои со сигурност тврдат дека сум геј. Со моето видео сакам да го променам нивното мислење", додава тој. 

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно