Во источна Македонија се почесто се вози без возачка дозвола

Во источна Македонија се почесто се вози без возачка дозвола


На истокот се вози и без возачки дозволи, но и со возила кои не се регистрирани.

Статистиката на СВР-Штип говори дека минатата година во овој регион се фатени над 2.800 лица кои немале положено возчаки испит, скоро истата бројка е и со возилата кои се возат без технички преглед. Ваквите возила и возачи се опасни за останатите учесници во сообраќајот. 

Според анализите на штипскиот Советот за безбедност во сообраќајот не се работи за реален пораст и регистрирање на нови случаи, туку станува збор за лица кои се повторувачи на прекшочните дела. Статистиката на Советот за безбедност покажува дека 70 % од оние лица кои биле фатени без возачка довола или неристрирано возило се од социјално ранливите категории. 

Решението за да се намали бројот на лица без возачки дозволи и на нерегистрирани возила, според Рогожарски лежи во честите контроли на полицијата, но и да се едуцира населението. Лани истокот беше втор по црната статистика на патиштата, животите ги загубија 30 лица на различна возраст.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно