Во идеалниот тим на Марсело , капитен е Модриќ

Во идеалниот тим на Марсело , капитен е Модриќ


Благодарение на своите константни игри и феноменални изданија крај аут линијата, Марсело во изминативе години го доби епитетот најдобар лев бек во светот.

Бразилскиот репрезентативец по доаѓањето од Бразил постојано е дел од Реал Мадрид каде се разви во феноменален дефанзивец и природна замена за легендарниот Роберто Карлос, фудбалер кој самиот во неколку наврати порача дека неговиот сонародник е убедливо најдобриот лев бек во светот.

Покрај добрите игри, Марсело во последно време стана популарен и со својот официјален „Јутјуб“ канал, во кое дава одговор на интересни прашања кои му ги поставуваат фановите.

Во последното обраќање, Марсело доби за задача да состави дрим-тим од играчи со кои играл во досегашниот тек од кариерата, а најголемо изненадување е тоа што Бразилецот во идеалните 11 не го вметна Икер Касилјас.

– Модриќ ќе биде капитен, тука нема сомнеж. Жулио Сезар, Дани Алвес, Тијаго Силва, Серхио Рамос, Роберто Карлос, Касемиро, Лука Модриќ, Озил, Зизу, Роналдо и Нејмар, – порачува Марсело кој подоцна образложи.

– Чекајте, јас не играв заедно со Зидан, но тој е мој тренер и се важи изборот, – низ смеа додаде левиот бек на Реал.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно