Во Грција антифашистите на протест

Во Грција антифашистите на протест


Протестот е закажан за 18 часот по грчко време

A, во исто време во Атина денеска имаат протест и членовите на ултра националистичката партија Златна зора, кои повикуваат на протест пред нивниот штаб, за да им одадат почит на загинатите пилоти од грчкото воздухопловство во инцидентот на островот Имија во 1996 година, а собирот ќе биде и за Македонија

Оваа година, настанот, освен за сеќавање на Имија, ќе испрати и силна порака: Македонија е само грчка, велат од Златна зора во најавата за протестот.Антифашистичкиот собир пак е закажан за местото на кое е се наоѓа споменикот на загинатите војници.Антифашистите и Анархистите ќе протестираат и утре, два часа пред големиот протест за иметото Македонија, кој е закажан во 14 часот по грчко време, на оддалеченост од само 800 метри.

На 4 февруари може да се лее крв, предупреди пред неколку дена грчката анархистичка група Рубикон во пресрет на протестот во Атина за името Македонија.

На социјалните мрежи анархистите објавија дека4 февруари ќе биде нивниот ден и нема да помине без жртви  и оти тие нема да дозволат да бидат провоцирани од фашистите за време на собирот.Обвинителството по овие најави отвори истрага, а денеска и утре Атина ќе биде под значително зголемено полициско обезбедување

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно