Во Еквадор запленети 1,5 тони кокаин

Во Еквадор запленети 1,5 тони кокаин


Еквадорската полиција на аеродромот во градот Гвајкил заплени 1,5 тони кокаин, кои биле скриени во пакети со чоколада во прав превидени за извоз во Европа.

 - Овие 1.500 килограми кокаин, скриени во чоколадни производи, требаше да бидат испратени во Австрија, соопшти еквадорската полиција. Од почетокот на годината, властите на Еквадор запленија околку девет тони наркотици, пред се кокаин и марихуана. 

Лани во Еквадор беа запленети 98 тони дрога, а во 2016 година - 110 тони.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно