Во ДПМ награди за најдобрите книжевни изданија

Во ДПМ награди за најдобрите книжевни изданија


Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе ги врачи петте годишни награди за најдобри книжевни остварувања во 2017 година. Лауреатите ги соопшти неодамна, а наградите, традиционално, ги врачува на 13 февруари – денот на неговото основање.

аградата за најдобро прозно дело „Стале Попов“ ја доби Јагода Михајловска-Георгиева за романот „Манастир Фуентерабија“. Ристо Василевски ја доби наградата „Ацо Шопов“ за поетската книга „Оди во кругот“, Ангелина Бановиќ-Марковска е добитничка на „Димитар Митрев“ за книгата есеи „Дискурс и екскурс“, на Васил Мукаетов му е доделена наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца – за стихозбирката „Скокни, прескокни“, а Љерка Тот Наумова ја доби годинашната награда „Книжевен мост“ за книга објавена на некој од јазиците на националностите – за  „Невидлива врата“, книга поезија на хрватски  – мајчин јазик на авторката.

Наградите ќе бидат врачени на свечен собир по повод 71 година од формирањето на македонската писателска асоцијација, а реч по повод годишнината ќе има нејзиниот претседател Веле Смилевски.

Друштвото на писателите на Македонија е формирано на 13 февруари 1947 година од писателите: Васил Иљоски, Славко Јаневски, Ристо Крле, Владо Малески, Димитар Митрев, Иван Точко, Коле Чашуле, Ацо Шопов и Блаже Конески – кој бил и прв претседател на ДПМ.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно