Во бикини на снег

Во бикини  на снег


Речиси две илјади скијачи се облекле само во костими за капење со цел да учествуваат во "најлудиот зимски настан" оваа зима и да го соборат Гинисовиот рекорд.

Љубителите на зимските спортови го поминале викендот учествувајќи на овој несекојдневен натпревар во Сочи во Русија, облечени само во костими за капење, иако температурата била само 12 степени.


Околу 20.000 луѓе ги бодреле натпреварувачите, а 1.800 кои се обидувале да го соборат Гинисовиот рекорд, се спуштале низ стазата во костими за капење. Моменталниот светски рекод за скијање во бикини беше освоен во Сочи во 2016 година, кога учествувале 1.008 луѓе. 

Речиси две илјади скијачи се облекле само во костими за капење со цел да учествуваат во "најлудиот зимски настан" оваа зима и да го соборат Гинисовиот рекорд. Љубителите на зимските спортови го поминале викендот учествувајќи на овој несекојдневен натпревар во Сочи во Русија, облечени само во костими за капење, иако температурата била само 12 степени. Минатата година сибирското одмаралиште Шерегеш се обиде да го собори рекордот за скијање во бикини и да влезе во Руската книга на рекорди со 1.498 скијачи и сноубордери, но не обезбедиле доволно докази за да добијат официјална одлука од Гинис.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно